Descargar Imprimir esta página

Bosch GLL 2-10 G Professional Manual Original página 146

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 25
146 | Македонски
– Означете ја средината на вертикалната ласерска
линија на подот од отворот на вратата (точка Ⅰ), на 5 m
растојание од другата страна на отворот од вратата
(точка Ⅱ), како и на горниот раб на вратата од отворот
(точка Ⅲ).
– Поставете го мерниот уред на другата страна на
отворот од вратата директно зад точката Ⅱ. Оставете го
мерниот уред да се нивелира и насочете ја
вертикалната ласерска линија така што нејзината
средина ќе поминува точно низ точките Ⅰ и Ⅱ.
– Обележете ја средината на ласерската линија на
горниот раб на отворот на вратата како точка Ⅳ.
– Разликата d на двете означени точки Ⅲ и Ⅳ го дава
фактичкото отстапување на мерниот уред од
вертикалните линии.
– Измерете ја висината на отворот од вратата.
Максималното дозволено отстапување го пресметувате
на следниот начин:
двојна висина на отворот на вратата  × 0,3 mm/m
Пример: При висина на отворот на вратата од 2 m
максималното отстапување смее да изнесува
2 × 2 m × ±0,3 mm/m = ±1,2 mm. Точките Ⅲ и Ⅳ смеат да
лежат најмногу 1,2 mm една од друга.
1 609 92A 5TD | (01.07.2020)
Совети при работењето
За обележување, секогаш користете ја само
u
средината на ласерската линија. Ширината на
ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Работење со целна табла за ласерот
Целната табла за ласерот (20) ја подобрува видливоста
на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката површина на целната табла на
ласерот (20) ја подобрува видливоста на ласерската
линија, низ транспарентната површина ласерската линија
е видлива и од задната страна на целната табла на
ласерот.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
1/4"-прифатот на стативот (5) на навојот на стативот (23)
или обичен фото статив. За прицврстување на обичен
градежен статив, користете 5/8"-прифат за статив (4).
Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на
стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Прицврстете со универзален држач (опрема)
(види слика F)
Со помош на универзалниот држач (19) може да го
прицврстите мерниот уред на пр. на вертикални
површини или магнетизирани материјали.
Универзалниот држач и исто така погоден и како поден
статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот
уред.
Грубо центрирајте го универзалниот држач (19), пред да
го вклучите мерниот уред.
Ласерски заштитни очила (опрема)
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната
светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа
посветло за окото.
Не ги користете ласерските заштитни очила како
u
заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат
за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак,
тие не штитат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските заштитни очила како
u
очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските
заштитни очила не даваат целосна UV-заштита и го
намалуваат препознавањето на бои.
Примери за работа (види слики F–H)
Примери за можностите на примена на мерниот уред ќе
најдете на графичките страници.
Мерниот уред ставајте го секогаш блиску до површината
или работ, коишто треба да се проверат, и оставете го да
се изнивелира пред почетокот на секое мерење.
Секогаш мерете ги растојанијата меѓу ласерскиот зрак и
површината или работ на две што е можно пооддалечени
точки.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading