Makita PDC1200 Manual De Instrucciones página 221

Ocultar thumbs Ver también para PDC1200:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 63
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на уредот, осигурете се да е
исклучен.
Полнење на уредот
ВНИМАНИЕ:
Откако полнењето ќе заврши,
осигурете се дека сте го извадиле приклучокот
за напојување на полначот за батерии од
изворот на двонасочна струја, извадете
го приклучокот на полначот за батерии и
прикачете го капачето на батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА:
Полначот за батерии е наменет
само за полнење на преносливиот пакет за
напојување на MAKITA. Никогаш не користете
го за други намени или за батерии од други
производители.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога полначот за батерии е
поврзан со уредот, алатот или машината не се
стартува. Во овој случај, извадете го полначот
за батерии од уредот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Доколку температурата на
батеријата стане ниска или висока за време на
полнењето, тоа може да запре. Во овој случај,
почекајте додека батеријата не постигне
нормална температура со нејзино затоплување
или ладење, а потоа рестартирајте го
полнењето.
1.
Извадете го капачето од батеријата вртејќи го.
► Сл.2: 1. Капаче
2.
Порамнете го испакнатиот дел на приклучокот
од полначот за батерии со соодветниот дел
на уредот, а потоа прикачете го штекерот на
приклучокот со вртење на прекинувачот.
► Сл.3: 1. Испакнат дел 2. Штекер 3. Приклучок
3.
Приклучете го приклучокот за напојување
од полначот за батерии во соодветен извор на
двонасочна струја.
4.
Откако полнењето ќе заврши, извадете
го приклучокот на полначот за батерии и потоа
прикачете го капачето на батеријата.
За време на полнењето, ламбичката за главно
напојување светнува црвено, а индикаторските
ламбички укажуваат на преостанатиот капацитет на
батеријата. Кога полнењето ќе заврши, ламбичката
за главно напојување и ламбичката на индикаторот
се исклучуваат.
Ламбичка
за главно
напојување
Запалено Исклучено
Копче за напојување и индикатор
за батерија
ВНИМАНИЕ:
осигурете се дека алатот или машината
се исклучени. Во спротивно, алатот или
машината може ненадејно да се стартуваат и да
предизвикаат повреда.
НАПОМЕНА: Доколку го вклучите алатот или
машината веднаш штом го вклучите уредот,
алатот и машината може да не се стартуваат. Во
овој случај, рестартирајте го алатот или машината
повторно.
► Сл.4: 1. Копче за напојување 2. Ламбичка
на индикаторот 3. Ламбичка за главно
напојување
За вклучување на напојувањето, притиснете го
копчето за напојување. Ламбичката за главно
напојување светнува зелено. За исклучување на
напојувањето, задржете го копчето за напојување
притиснато неколку секунди.
НАПОМЕНА: Доколку уредот или поврзаниот алат
или машина се оставени 8 часа без надзор, уредот
автоматски ќе се исклучи.
Ламбичката за главно напојување трепка зелено под
следниве услови:
Приклучокот на адаптерот или алатот/
машината за напојување не е поврзан во
штекерот на уредот.
Во овој случај, поврзете го приклучокот на
адаптерот или алатот/машината за напојување
во штекерот на уредот.
Батеријата е празна.
Во овој случај, наполнете го уредот.
Батеријата е прегреана или температурата на
уредот е ниска.
Во овој случај, изладете го уредот или загрејте
го.
221 МАКЕДОНСКИ
Индикаторски ламбички
Трепка
Пред да го вклучите уредот,
Преостанат
капацитет
Полнење
(од 75% до
100%)
Полнење
(од 50% до
75%)
Полнење
(од 25% до
50%)
Полнење
(од 0% до
25%)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido