Descargar Imprimir esta página

Bosch GDX Professional 18 V-180 Manual Original página 150

Ocultar thumbs Ver también para GDX Professional 18 V-180:

Publicidad

150 | Македонски
Вадење на батеријата
Батеријата (3) има два степени на блокирање, што
спречуваат, да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата (4).
Се додека е вметната батеријата во електричниот уред,
таа се држи во позиција со помош на пружина.
За вадење на батеријата (3) притиснете на копчињата за
отклучување (4) и извлечете ја батеријата нанапред од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Промена на алат (види слики A и B)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Редовно чистете ги воздушните вентили на
u
електричниот алат. Моторот на вентилаторот може да
ја повлече прашината во куќиштето, а претераната
акумулација на метален прав може да предизвика
опасност од електрична енергија.
При ставањето на алатот за вметнување,
u
внимавајте тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот за алат, може да се олабави за време на
одвртувањето.
Ставање на алатот за вметнување
GDR 18 V-160:
Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред,
алатот што се вметнува ставете го до крај во прифатот за
алат (1) и повторно олабавете ја чаурата за заклучување
(2), за да го блокирате алатот за вметнување.
Користете само битови за одвртувач со топчест затворач
(9) (DIN 3126-E6.3). Другите битови за одвртувачот (11)
може да ги ставите со помош на универзален држач за
битови со топчест затворач (10).
GDX 18 V-180:
Поставете го алатот за вметнување (12) на
четириаголниот прифат за алат (1).
Во зависност од системот, алатот за вметнување (12) ќе
се постави на прифатот за алат со мали движења (1); ова
нема влијание на функцијата/безбедноста.
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред и
извадете го алатот за вметнување.
1 609 92A 4PW | (25.10.2018)
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат (1) и алатот што се вметнува се ставаат
во погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам.
Работната постапка се дели во две фази:
Завртување и Затегнување (ударен механизам во
акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови
и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Прекинувачот за правец на вртење (5) поставете го во
средната позиција, за да го заштитите електричниот алат
од невнимателно вклучување.
Наполнетата батерија (3) притиснете ја однапред
навнатре во подножјето на електричниот алат, додека не
се заклучи батеријата.
Подесување на правецот на вртење (види слика C)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (6) е притиснат ова не е
возможно.
Вртење во десно: За навртување на завртки и
прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот
за менување на правец на вртење (5) на лево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (5) на десно до крај.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(6) и држете го притиснат.
Светлото (7) свети доколку прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) е половично или целосно притиснат и
овозможува осветлување на работното поле при
неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (6).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gdr professional 18 v-160