2.3 Рачка за погонот (ако има)
Nei modelli con trazione, l'avanzamento del rasaerba avviene
portando la leva (1) verso il manico.
Тревокосачката престанува да се движи со пуштање на
рачката.
Палењето на моторот треба да изведе со исклучен погон.
ВНИМАНИЕ!
За да избегнете оштетување на
преносот, избегнувајте да ја влечете машината на-
зад со вклучен пренос..
2.4 Регулација на висината на косењето
Регулацијата на висината за косење се изведува со по-
мош на дадените рачки (1).
Кај некои модели, тргнете го капакот (2) и разлабавете го
клинот (3) со дадениот клуч (4). Поставете ги тркалата (5)
да соодветствуваат на саканата висина за косење и за-
тегнете го докрај клинот (3) со клучот (4).
Сите четири тркала треба да се регулираат на иста ви-
сина.
ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ СО ЗАСТАНАТ УРЕД ЗА
КОСЕЊЕ.
3. КОСЕЊЕ ТРЕВА
ЗАБЕЛЕШКА оваа машина дозволува косење на трев-
никот на различни начини. Пред да започнете со работа,
потребно е да ја поставите машината во правецот како
што имате намера да косите.
ИЗВЕДУВАЈТЕ ЈА ОПЕРАЦИЈАТА КОГА МОТОРОТ Е
ИЗГАСНАТ.
3.1 Поставување за косење и собирање на тре-
вата во вреќата за собирање
Подигнете ја заштитата за заден испуст (1) и прикачете
ја правилно вреќата за собирање (2) како што е посоче-
но на сликата.
3.2 Палење на моторот
За палење, следете ги упатствата во упатството за мото-
рот. Значи, повлечете ја рачката за кочницата (1) на уре-
дот за косење кон ракофатот и потоа цврсто повлечете ја
дршката на јажето за палење (2).
Кај моделите со електричен погон, повлечете ја рачка-
та на кочницата (1) на уредот за косење кон ракофатот и
свртете го клучот за контакт (3).
3.3 Косење трева
Изгледот на тревникот ќе има поубав изглед ако косењето
се изведува секогаш на иста висина и наизменично во два
правци.
Кога вреќата за собирање трева ќе се наполни,
собирањето нема да биде ефикасно и звукот на маши-
ната се менува.
За да ја извадите и испразните вреќата за собирање:
– и склучете го моторот и почекајте да се смири уредот
со сечивото,
– п одигнете ја заштитата за заден испуст, зафатете ги
ракофатите и извадете ја вреќата за собирање држејќи
ја исправено.
Совети за третман на тревникот
Секој вид на присутна трева има различни карактери-
стики и може да бара различни режими на косење на
тревникот. Прочитајте ги секогаш упатствата што се сод-
ржани на пакувањето на семето во однос на висината на
косење во однос на условите на растење во пределот ка-
де е посадена.
Треба да се трудите поголемиот дел од тревата да е од ист
вид и со едно или повеќе видови ливчиња. Ако ливчињата
се покосат целосно, се оштетува тревникот и идното
косење ќе биде многу тешко.
Генерално, вреди да се следат следните упатства:
– м ногу ниско косење предизвикува корнење и
проретчување на тревната површина со што останува-
ат „голи места",
– н а лето, косењето треба да е највисоко за да се избегне
исушување на теренот,
– н е косете ја тревата кога е наводнувана. Тоа може да ја
намали ефикасноста на уредот со сечивото врз трева-
та бидејќи ќе се лепи и ќе предизвика заглавување со
залепена трева,
– в о случај на делумно израсната трева, најдобро е прво
да се искоси на најголема висина што ја дозволува ма-
шината, проследено со второ косење по два или три
дена.
3.4 Завршување со работа
На крајот на работата, отпуштете ја рачката (1) за кочни-
цата и извадете го капачето на свеќичката (2).
Извадете го клучот од контакт (3) кај моделите каде што
тоа е предвидено.
ПОЧЕКАЈТЕ УРЕДОТ СО СЕЧИВОТО ДА ЗАСТАНЕ пред
да извршите каква било интервенција.
4. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
Чувајте ја тревокосачката на суво место.
ВАЖНО Неопходно е редовно и правилно одржување
за долготрајно одржување на безбедносното ниво и
првобитната работна состојба на машината.
Секоја работа поврзана со регулирање и одржување тре-
ба да се спроведе со изгаснат мотор и со изваден кабел
од свеќичката.
1) Н осете цврсти заштитни ракавици при секоја
интервенција за чистење, одржување и регулација на
машината.
2) П о секое косење, исперете ја машината со вода; от-
странете ги остатоците од трева и кал кои се натало-
жиле од внатрешната страна на куќиштето за да из-
бегнете тие да предизвикаат потешкотии при подоц-
нежно палење.
3) Л акот од внатрешниот дел на куќиштето може да от-
падне заради абразивното дејство на покосената тре-
ва. Во тој случај, треба спремно да интервенирате со
премачкување лак против 'рѓосување за да се спречи
создавање 'рѓа која го кородира металот.
4) В о случај кога треба да се пристапи до долниот дел, за-
косете ја машината само на страната како што е прика-
жано во упатството за моторот следејќи ги соодветни-
те упатства, уверувајќи се дека машината е стабилна
пред да започнете со каква било интервенција.
5) И збегнувајте истурање бензин врз пластичните де-
лови на моторот или врз самата машина за да се из-
бегне оштетување и веднаш исчистете ја секоја трага
од бензин ако тој случајно се излил. Гаранцијата не ги
покрива оштетувањата на пластичните делови преди-
звикани од бензин.
4.1 Одржување на уредот со сечивото
MK - 5