7. Ремени: рамномерно приспособете ги страничните каиши
8. Ремени: рамномерно приспособете ги долните каиши
Маската треба да биде удобно наместена на лицето
Употреба на управувањето со цевките (изборно)
Еластичните цевки може да се постават преку главата.
9. Проврете ја цевката од маската низ јамката за ремените на темето
поврзете еластичните цевки.
Употреба на маската
10. Поврзете ги еластичните цевки (што се доставуваат со уредот за CPAP или за терапија
со притисок на двојно ниво) со подвижниот прстен.
11. Вклучете го уредот. Легнете. Дишете нормално.
12. Менувајте ја положбата додека спиете. Подместувајте се додека не ви е удобно.
Доколку има прекумерно протекување на воздухот, направете ги последните
приспособувања. Нормално е одредено протекување на воздухот.
Совети за удобност
• Најчеста грешка е прекумерното затегање на ремените. Ремените треба да бидат
лабави и удобни. Доколку се набабри кожата околу маската или доколку се појави
црвенило, олабавете ги ремените.
• Повторно поставете ја маската така што директно ќе ја повлечете од лицето
и внимателно ќе ја вратите на лицето.
• Приспособете ги страничните каиши од ремените за да се намали протекувањето на
воздух околу очите.
Отстранување на маската
Откачете ја долната спојница од ремените. Повлечете ги ремените кон напред преку
главата.
Расклопување/составување
Реверзибилна платнена рамка
Изберете платно што ќе биде пријатно на вашата кожа. Таа страна ќе биде внатрешна,
свртена кон перничето и ремените. Безбојната рамка не е реверзибилна.
Отстранување на зглобот и на цевките
1.
Притиснете ги јазичињата за брзо ослободување
2.
Повлечете го зглобот од перничето
g
h
.
j
.
k
.
190
f
.
.
i
пред да ги