Descargar Imprimir esta página

Philips One HY1200 Manual Del Usuario página 114

Ocultar thumbs Ver también para One HY1200:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 24
Чистење на кабелот за полнење USB-A и
на приклучокот за полнење
1 Користете компримиран воздух за чистење на
приклучокот за полнење на рачката за четката
за заби и конекторот на кабелот за полнење
USB-A.
2 Користете малку навлажнета крпа за бришење
на кабелот за полнење USB-A, а потоа оставате
целосно да се исуши на воздух.
Забелешка: Избегнувајте контакт на приклучокот
за полнење и врските со вода. По чистењето,
проверете дали кабелот за полнење USB-A е
целосно сув пред да го поврзете на USB-единица
за напојување.
Чување
Ако не планирате да го користите производот
подолго време, исчистете го (видете „Чистење"),
наполнете го полно и складирајте го на ладно и
суво место подалеку од директна сончева
светлина.
Замена
Глава на четката
Менувајте ги главите на четката на секои 3 месеци
за да постигнете оптимални резултати. Само
главите на четки Philips One се компатибилни со
Philips One.
Лоцирање на бројот на моделот
Отстранете ја главата на четката од рачката.
Погледнете го горниот дел од рачката во близина
на металното вратило за бројот на моделот
(HY120X).
Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или
поддршка, посетете ја страницата
www.philips.com/support или прочитајте го
летокот со меѓународната гаранција.
Исклучоци од гаранцијата
Што не е покриено со гаранцијата:
-
Приклучоци за уста, вклучувајќи глави за
четката и млазници.
-
Оштетување предизвикано од употреба на
неовластени резервни делови или неовластени
глави на четка за заби.
-
Оштетување предизвикано од погрешно
користење, запоставување, промени или
неовластени поправки.
-
Нормално трошење и абење, вклучувајќи
скршени делчиња, гребаници, абразии,
промена на бојата или избледување.
Рециклирање
-
Овој симбол означува дека електричните
производи и батерии не треба да се фрлаат во
обичниот отпад од домаќинствата (Сл. 16).
СОДРЖИ НИКЕЛ-МЕТАЛХИДРИД. МОРА ДА СЕ
РЕЦИКЛИРА ИЛИ ПРАВИЛНО ДА СЕ ФРЛИ.
-
Придржувајте се до прописите во вашата земја
за посебно собирање на електрични
производи и батерии.
Вадење на батеријата на полнење
Вградената батерија на полнење мора да се
отстранува само од страна на квалификуван
професионалец кога се фрла производот. Пред
да ја отстраните батеријата, проверете дали
батеријата е целосно испразнета.
Преземете ги сите неопходни мерки на
претпазливост кога ракувате со алати за
отворање на уредот и кога ја фрлате
батеријата на полнење. Заштитете си ги
очите, рацете, прстите и површината на
којашто работите.
Кога ракувате со батериите, осигурете се
дека рацете, производот и батериите се
суви.
За да се избегне случаен краток спој на
батериите по отстранувањето, не
дозволувајте терминалите на батериите да
дојдат во контакт со метални предмети (на
пр., парички, шноли за коса, прстени).
Немојте да ги виткате батериите во
алуминиумска фолија. Залепете ги
терминалите на батериите или ставете ги
батериите во пластична кеса пред да ги
фрлате.
За да ја отстраните батеријата на полнење,
потребни ви се секачи за жица/ножици и
шрафцигер.
1 За да ја испразните батеријата на полнење од
преостанатото полнење, отстранете ја рачката
од кабелот за полнење, вклучете ја Philips One
четката за заби и оставете ја да работи сѐ
додека не сопре. Повторувајте го овој чекор сѐ
додека повеќе не можете да ја вклучите Philips
One четката за заби.
2 Отстранете ја и фрлете ја главата на четката.
3 Вметнете шрафцигер во крајното капаче и
подигнете го задното капаче нагоре и надолу
или налево и надесно за да го разлабавите
крајното капаче (Сл. 17).
4 Ако крајното капаче е разлабавено, а не паѓа,
фатете го и извлечете ја внатрешната
конструкција (Сл. 18).
5 Ако крајното капаче е разлабавено и падне,
отстранете ја внатрешната конструкција со тоа
што ќе ја испуштите рачката да падне
вертикално (приклучокот за полнење мора да
биде завртен надолу) на цврста површина од
приближно 2 m (Сл. 19).

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

One hy1200 serieOne hy1200/26One hy1200/25