температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Површинско брусење со брусен диск
При работењето со гумен диск за брусење (28)
u
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (27).
Брусењето со брусен диск може да се изврши без
заштитна хауба.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Навртете ја тркалезната навртка (30) и затегнете ја со
клуч со два отвори.
Лончеста четка/плочеста четка/конусна четка
При четкањето со плочеста четка секогаш
u
користете ја заштитната хауба за брусење (12).
Четкањето со лончеста четка/конусна четка може
да се изврши без заштитна хауба.
При работењето со лончеста или конусна четка
u
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (27).
Жиците на плочестите четки може да се заглават на
u
заштитната хауба и да се скршат ако се надминат
максимално дозволените димензии на плочестите
четки.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Лончестата/конусната/плочестата четка со навој M10/
M14 мора да се наврти на вретеното за брусење додека
цврсто не налегне на прирабницата на вретеното за
брусење на крајот на навојот на вретеното за брусење.
Затегнете ја лончестата/конусната/плочестата четка со
вилушкаст клуч.
За прицврстување на плочестата четка со дијаметар
16 mm (M10) или 22,22 mm (M14) ставете ја
приклучната прирабница со O-прстен (15) на вретеното
за брусење (26), завртете ја тркалезната навртка (30) и
затегнете ја со клучот со два отвори.
Сечење на метал
За сечење на метал со композитен диск за сечење
u
или со дијамантски диск за сечење секогаш
користете ја заштитната хауба за сечење (13) одн.
заштитната хауба за брусење (12) со монтиран
поклопец за сечење (14).
При употребата на заштитна хауба за брусење (12)
u
за сечење со композитен диск за сечење постои
голем ризик да бидете изложени на искри и
честички како и делови од дискот при кршење на
дискот.
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не
навалувајте и не осцилирајте.
Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што
излегуваат со страничен противпритисок.
Bosch Power Tools
Електричниот алат секогаш мора да
се води во спротивен правец на
движење. Инаку постои опасност,
тој неконтролирано да се истисне
од резот. При сечење на профили и
четириаголни цевки, најдобро е да
поставите на најмалиот пресек.
Сечење на камен
За сечење на метал со композитен диск за сечење
u
или со дијамантски диск за сечење за камен/бетон
секогаш користете ја хаубата за всисување при
сечење со лизгачки водилки (35) или заштитната
хауба за сечење (13) или заштитната хауба за
брусење (12) со монтиран поклопец за
сечење (14).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Носете маска за заштита од прав.
u
Електричниот алат смее да се користи само за
u
сечење/брусење на суви материјали.
При употребата на заштитна хауба за сечење (13),
u
заштитната хауба за брусење (12) или заштитната
хауба за брусење (12) со монтиран поклопец за
сечење (14) за сечење и брусење во бетон или
ѕидни конструкции, постои зголемена изложеност
на прашина и зголемен ризик од губење контрола
над електричниот алат, што може да доведе до
повратен удар.
За сечење на камен најдобро е да употребите
дијамантска брусна плоча за сечење.
При користење на хаубата за всисување за сечење со
лизгачки водилки (35) всисувачот на прав мора да биде
дозволен за всисување на правта од каменот. Bosch ги
нуди соодветните всисувачи на прав.
Вклучете го електричниот алат и
поставете го со предниот дел на
лизгачките водилки на делот што се
обработува. Поместувајте го
електричниот алат со умерено
движење по материјалот што се
обработува.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон
со чакал, дијамантскиот диск за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи
околу дијамантскиот диск за сечење јасно укажува на
тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете го кратко дијамантскиот диск за сечење во
празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри
кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча.
Може повторно да ја наострите со кратки резови во
абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Македонски | 315
1 609 92A 8XF | (03.08.2023)