Доколку мерниот уред бил изложен на големи температурни
u
разлики, оставете го да се прилагоди на температурата пред да го
вклучите.
За вклучување на мерниот уред, притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување (2) надолу.
Мерниот уред прави самотестирање и автоматски се калибрира. Штом
светлечкиот прстен (5) светне зелено, мерниот уред е подготвен за
работа.
За исклучување на мерниот уред, притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување (2) нагоре.
Ако околу 10 min нема никакво мерење, тогаш мерниот уред автоматски
се исклучува за штедење на батериите.
Напомена: По автоматското исклучување прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) сѐ уште се наоѓа во исклучена позиција. За повторно
да го вклучите мерниот уред, прво исклучете го и потоа повторно
вклучете го.
Функционалност
Со мерниот уред се пребарува подлогата на подрачјето на сензорот (8)
до максималната длабочина на регистрирање.
При секое мерење автоматски се пребаруваат метални предмети и
струјни кабли.
Преглед на прикази:
Bosch Power Tools
Постојано движете го мерниот уред директно во
странична насока со лесен притисок над
подлогата, без да го подигнувате или да го
менувате притисокот. Држете го мерниот уред
рамномерно цврсто за рачката (1) и за време на
мерењето не посегнувајте во полето на
сензорот (8).
За најдобри можни резултати од мерењето,
проверете дали мерниот уред е секогаш во
контакт со подлогата за време на мерењето.
Македонски | 285
1 609 92A 8B4 | (02.03.2023)