Descargar Imprimir esta página

AEG BL18C6 Traducción Del Manual Original página 51

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 14
Не покривајте ги отворите за вентилација и обезбедете
соодветна вентилација за време на работењето.
Напонот во мрежата мора да одговара на спецификациите за
напон на производот.
Пред да го користете производот, проверете дали куќиштето
на полначот, кабелот и приклучокот не се оштетени. Ако се
открие оштетување, не го користете производот и однесете го
кај овластен сервисен центар за поправка.
Не користете го производот ако претрпел силен удар или
потрес или ако е оштетен на кој било друг начин.
Кога се полни, не го изложувајте производот на сончева
светлина или друг извор на топлина. Препорачаниот
температурен опсег при полнење е 5° до 40°C.
Поради топлината што се создава за време на полнењето, не
користете го производот на запалива површина.
Не користете го производот близу запаливи материи, како што
се ткаенина, материјали за пакување, боја, боја за прскање
или аеросоли, лубриканти, разредувачи, контејнери за бензин,
контејнери за гас или апарати за гас.
Никогаш немојте да го менувате, расклопувате или да се
обидувате сами да го поправете производот.
Не дозволувајте полначот или батериските пакувања да се
контаминираат со материјал што може да биде спроводлив,
како што се метални честички од процесите на брусење,
сечење или машинска обработка.
Заштитете ги контактните терминали од метални предмети за
да избегнете краток спој, што може да предизвика пожар или
експлозија.
Исклучете го производот од штекерот кога не го користите или
кога го чистите.
Користете само продолжен кабел кој е одобрен и во добра
состојба.
Не полнете батериски пакувања кои покажуваат знаци на
протекување. Фрлете ги правилно.
Никогаш не ги полнете оштетените батерии. Веднаш заменете
ги оштетените батерии.
Пред секоја употреба, проверете дали кабелот за напојување
е оштетен. Ако постојат знаци на оштетување, тој мора да се
замени од квалификувано лице во овластениот сервис за да се
избегне опасност.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА
БАТЕРИЈАТА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да се намали ризикот од пожар,
телесна повреда и оштетување на производот како резултат
на краток спој, алатот, батеријата и полначот никогаш не го
потопувајте во течност или не дозволувајте да навлезе течност
во нив. Корозивни или проводни течности како што се морска
вода, одредени индустриски хемикалии, белила или производи
кои содржат белила итн. може да доведат до краток спој.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ВАШИОТ ПРОИЗВОД
Видете страна 3.
1. Носечка рачка
2. LED индикатор
3. Копче за избирање приклучок
4. Приклучок за батерија
5. Закачалка за клучалка
МОНТАЖА НА ЗИД
Внимателно изберете стабилен зид за монтажа на полначот.
Уверете се дека нема пречка за монтажата или работењето.
Максималната бруто тежина на полначот е приближно 8,74
kg, доколку е потребно обезбедете доволно зацврстување на
зидот.
Монтирајте го полначот само во хоризонтална ориентација.
Поставете две завртки на зидот за да го монтирате полначот.
Во спротивно, полначот може да падне и да предизвика
сериозна повреда.
Редовно проверувајте ја затегнатоста на завртките. Проверете
дали главата на завртките се вклопува правилно во дупките за
монтирање на зид за да го држи цврсто полначот на место. Во
спротивно, полначот може да падне заради лабави завртки.
LED ИНДИКАТОРИ
Континуирано
портокалова
Трепери
портокаловото
Трепери зелено
Континуирано
зелено
Континуирано
црвено
РАБОТЕЊЕ
ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИСКОТО ПАКУВАЊЕ
• Батериските пакувања се испорачуваат во состојба на
мало полнење. Затоа, треба да ги наполнете пред првата
употреба. Ако полначот не го полни батериското пакувања во
нормални околности, однесете го и батериското пакување и
полначот кај овластен сервисен центар.
• Проверете дали напојувањето е нормален напон за
домаќинства, 220–240V, 50/60Hz, само наизменична струја.
НАПОМЕНА: Кога повеќе батериски пакувања се поврзани со
полначот, батериските пакувања се полнат едно по едно по
редослед на броевите на приклучоците за батерии. За да го
изберете приклучокот за полнење на батеријата, притиснете
го копчето за избирање приклучок еднаш. Потоа повторно
притиснете го копчето додека саканиот приклучок не почне да
трепка. Откога избраното батериско пакување ќе се наполни
целосно, преостанатите батериски пакувања ќе се полнат
спротивно од стрелките на часовникот.
НАПОМЕНА: Кога батеријата ќе се наполни целосно, зеленото
LED светло останува запалено. Нормално е батериското
пакување да се загрее малку на допир додека се полни.
НАПОМЕНА: Кога се полната, полначот и батериското
пакување треба да се стават на место каде што температурата
е повеќе од 5°C а помала од 40°C.
ПОЛНЕЊЕ НА ЛАДНО БАТЕРИСКО ПАКУВАЊЕ
1. Вметнете го батериското пакување во приклучокот за
полнење.
2. Поврзете го производот со напојување.
3. Исклучете го производот од напојувањето кога батериското
пакување ќе се наполни целосно.
4. Отстранете го батериското пакување од производот.
ПОЛНЕЊЕ НА ЖЕЖОК БАТЕРИСКО ПАКУВАЊЕ
Кога непрекинато користите алат, ќелиите во батериското
пакување се загреваат. Жешкото батериско пакување треба
да се остави да се олади приближно триесет минути пред
повторно полнење.
ОДРЖУВАЊЕ
Кога не го користите или кога го чистите производот, исклучете
го од напојувањето и отстранете го батериското пакување.
Избегнувајте употреба на растворувачи при чистење на
пластични делови. Повеќе пластики подлежат на различни
типови комерцијални растворувачи. Користете чиста ткаенина
или мека четка за да ја отстранете нечистотијата и прашината.
Во ниту еден момент не дозволувајте, течностите за
сопирачки, бензин, нафтени производи и маслата што
продираат да дојдат во допир со пластични делови. Овие
производи содржат хемикалии кои може да ја оштетат, ослабат
или уништат пластиката.
Батеријата се проценува
/ Батеријата чека да се
полни.
Батеријата е премногу
жешка или ладна.
Полнењето ќе започне
кога батеријата ќе ја
достигне соодветната
температура на полнење.
Батеријата се полни.
Полнењето е завршено.
Батеријата или полначот
се неисправни.
51
EN
DE
FR
IT
ES
PT
NL
DA
NO
SV
FI
EL
TR
CS
SK
PL
HU
SL
HR
LV
LT
ET
RU
BG
RO
MK
UK
AR

Publicidad

loading