Descargar Imprimir esta página

Bosch UniversalGrassCut 18V-23-450 Manual Original página 194

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 28
194 | Македонски
покриваат нозете на корисникот. Контакт со
ротирачкиот дел за сечење или нитката може да
предизвика повреда.
Држете се понастрана од случајните минувачи кога
u
ракувате со машината. Исфрлените делови може да
предизвикаат сериозни повреди.
Не ракувајте со машината над нивото на вашиот
u
струк, односно половината. Ова помага да се избегне
случаен контакт со резната единица и овозможува
подобра контрола врз машината во неочекувани
ситуации.
Бидете внимателни кога работите со машината на
u
влажна трева. Одете, не трчајте. Ова го смалува
ризикот од лизгање или паѓање, што може да
резултира со повреда.
Не ракувајте со машината на премногу стрмни
u
падини. Ова го смалува ризикот од губење контрола,
лизгање и паѓање, се што може да доведе до повреда.
Кога работите на косини, проверете дали имате
u
сигурна основа; секогаш работете преку нагибот,
никогаш нагоре или надолу и бидете исклучително
внимателни кога го менувате работниот смер. Ова
го смалува ризикот од губење контрола, лизгање и
паѓање, се што може да доведе до повреда.
Чувајте ги сите кабли за напојување подалеку од
u
сечилото. Каблите за напојување може да бидат
скриени во жива ограда или грмушки и случајно да се
оштетат или бидат исечени со делот за сечење.
Чувајте ги сите делови од телото подалеку од
u
ротирачкиот елемент за сечење или нитката. Не
отстранувајте материјал од машината пред да ја
исклучите од напојувањето со струја. Ротирачкиот
елемент за режење или конецот може да предизвика
сериозни повреди.
Носете ја машината исклучена и свртена настрана
u
од вашето тело. Правилното ракување со машината
ќе ја намали веројатноста за случаен контакт со
конецот и делот за режење.
Користете само заменски глави за режење, линии
u
за сечење и ножеви за тример направени од
пластика според спецификациите на
производителот. Не заменувајте ги пластичните
навои или лопатки со метални жици или ножеви.
Неадекватните резервни делови може да резултираат
со губење на контролата, кршење и повреда.
Специјални безбедносни информации
Бидете внимателни дури и кога не го користите уредот.
u
Може да стане камен на сопнување.
Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени
u
физички, сензорни или психички ограничувања и/или
недостаток на знаење или на личности незапознаени
со ова упатство да го употребуваат уредот. Локалните
прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
Децата треба да бидат под надзор да не си играат со
u
уредот.
F 016 L94 551 | (27.09.2023)
Проверете го производот дали е оштетен како удрил
u
во тврд предмет или кога има прекумерни вибрации.
Кога ја скратувате линијата за сечење, внимавајте да
u
не се исечете.
Режете ја тревата во фази за постојан резултат.
u
Кога ја ставате батеријата, внимавајте ножот за сечење
u
да не дојде во контакт со вашето тело или други
предмети, вклучително и земјиштето односно тлото.
Може да се врти при стартување и да предизвика
повреда или оштетување на производот и/или обкетот.
Избегнувајте неправилно држење на телото и секогаш
u
одржувајте стабилна равнотежа. На коси површини
чекорете внимателно и стабилно. Одете полека мирно,
не трчајте.
Се препорачува да се прават соодветни паузи при
u
подолготрајно користење на уредот.
При подолга работа со производот (или со други
u
машини) ракувачот е изложен на влијанието на
вибрации, што може да доведе до појава на болеста
Бели прсти (Рејноов феномен) или Синдром на
карпален тунел.
Овие состојби го оштетуваат сетилото за допир и
u
терморегулацијата на дланките, предизвикуваат
чувство на трнење и горење, како и нервни или
циркуларни оштетувања и некроза на ткивото.
Ако имате симптоми на преголема изложеност на
u
вибрации, обратете се кај лекар. Овие симптоми
вклучуваат трнење, губење на сетилото за допир,
вкочанетост, пецкање, боцкање, болка, загуба на
сила, промени на бојата или состојбата на кожата.
Овие симптоми најчесто се јавуваат во прстите, рацете
или зглобовите (видете исто така информации за звук/
вибрации).
Напомени за оптимално користење на
батериите
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, вода и влага. Постои опасност
од експлозија.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од
u
канцелариски спајалици, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
u
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени побарајте
помош од лекар. Пареата може да ги надразни
дишните патишта.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Universalgrasscut 18v-26-500