1. Предупредувања за безбедност
1.1. Предупредување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Ризик од пожар / запалливи материи
Овој апарат е наменет за употреба во домаќинства и слични околини, како кујни во
продавници, канцеларии или слични работни објекти, фарми, хотели, мотели и слични
објекти за престој, како и кетеринг и некомерцијални простории.
Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи и деца) со намалени
физички, сензорни или ментални капацитети, или недостиг на искуство и знаење, освен
доколку не се под надзор и не им се дадени прецизни упатства за безбедна употреба на
апаратот, за нивна и ваша безбедност.
Децата треба да бидат под надзор за да се осигурате дека не си играат со апаратот.
Доколку струјниот кабел е оштетен, истиот мора да биде заменет од страна на
производителот, неговиот овластен сервис или слично квалификувано лице, со цел да се
избегне било каква опасност.
Не чувајте експлозивни материи во овој апарат, како што се аеросолните лименки со
запаллив пропелант.
Овој апарат мора да биде исклучен од струја пред да се извршува негово чистење или
одржување.
Предупредување : Вентилационите отвори чувајте ги постојано отворени и непречени од
надворешни предмети.
Предупредување : Не користете механички уреди или други начини за забрзување на
процесот на одмрзнување, освен оние кои се препорачани од страна на производителот.
Предупредување : Не го оштетувајте колото на фрижидерот.
Предупредување : Не користете електрични апарати во внатрешноста на одделот за храна
во фрижидерот, освен доколку тие не се препорачани од страна на производителот.
Предупредување : Ве молиме внимавајте при отстранување на апаратот, бидејќи тој
користи и содржи запалливи гасови и средство за ладење.
Предупредување : При позиционирање на апаратот, бидете сигурни дека струјниот кабел
не е притиснат или пресилно свиткан.