Descargar Imprimir esta página

Midea MDRD168SL Serie Manual Del Usuario página 113

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 170
1.6. Предупредувања за енергија
1. Фрижидерот може да не работи конзистентно кога е оставен да работи под
минималната температура на подолго време, од онаа за која е дизајниран.
2. Шумливи пијалоци не треба да се складираат во одделите со многу ниска
температура, бидејќи тие не треба да се конзумираат преладни.
3. Не треба да се пречекори времето за складирање препорачано од производителот
на конкретната храна, особено за комерцијалната брзо замрзната храна во
фрижидерот или замрзнувачот.
4. Треба да се внимава да не се покачи прекумерно температурата на замрзнатата
храна за време на одмрзнувањето на фрижидерот, со нејзино обвиткување во
неколку слоја на хартија.
5. Прекумерното зголемување на температурата на замрзнатата храна за време на
одмрзнувањето на апаратот може да доведе до скратување на нејзиниот рок на
траење.
1.7. Предупредувања поврзани со отфрлањето
Средството за ладење и циклопетанот на фрижидерот се запалливи и избувливи
материи и при нивното празнење треба да се држат подалеку од извори на топлина. Ве
молиме преместете го фрижидерот до професионални, квалификувани компании за
рециклирање за понатамошно процесирање на материјалите поради заштита на животната
средина.
Ве молиме извадете ја вратата на фрижидерот, а неговите полици оставете ги во
внатрешноста, за да се избегне заглавување на деца во апаратот по неговото отфрлање.
Правилно отфрлање на овој производ :
Овој симбол индицира дека овој производ не треба да биде отфрлен
заедно со останатиот домаќински отпад. За да се избегне можно
оштетување на околината или човековото здравје поради
неконтролирано мешање на отпад, рециклирајте го овој апарат
одговорно за да промовирате повторна употреба на материјалите од кој
е направен. За да го вратите вашиот апарат, Ве молиме однесете го на
места со систем за колекција или контактирајте го вашиот препродавач.
Тие може да се погрижат за вашиот апарат и негово безбедно
рециклирање.

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Mdrd168fgf01