1.2. Значење на симболите за предупредувања за безбедност
Симбол за забрана
Овој симбол индицира забранети материи или активности. Непочитување на овие
упатства и забрани може да резултира со оштетување на производот или загрозување
на личната безбедност на корисниците.
Симбол за предупредување
Овој симбол индицира работи кои мора да се следат и кои мора да се извршуваат
стриктно во согласност со потребите на работата. Непочитувањето на овие упатства
може да резултира со оштетување на производот или загрозување на личната
безбедност на корисниците.
Симбол за забелешка
Овој симбол индицира работи на кои треба да се обрати внимание и кои мора да
бидат конкретно забележани. Непочитувањето на овие упатства може да доведе до
мали повреди или оштетувања на апаратот.
Овој прирачник содржи многу важни безбедносни информации и треба да биде чуван
од страна на корисниците.
1.3. Предупредувања поврзани со електриката
Не го влечете струјниот кабел кога сакате да го исклучите од фрижидерот.
Цврсто фатете го приклучокот за да го извадите кабелот од струја.
Во ниеден случај не го оштетувајте струјниот кабел за да обезбедите безбедна
употреба. Доколку истиот е оштетен, немојте да го употребувате.