Замена на алат (SDS-max)
Ставање на алатот за вметнување (види слика A)
Со SDS-max-прифатот за алат можете едноставно и
лесно, без користење на дополнителни алати, да го
замените алатот што се вметнува.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Притиснете ја чаурата за заклучување (2) наназад и
поставете го алатот за вметнување вртејќи во
прифатот за алат. Повторно отпуштете ја чаурата за
заклучување (2) за да го фиксирате алатот за
вметнување.
– Проверете дали е заклучен со повлекување на алатот.
Вадење на алатот за вметнување (види слика B)
– Турнете ја чаурата за заклучување (2) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување на режимот на работа
Со прекинувач за запирање на вртењето (3) изберете го
начинот на работа на електричниот алат.
– За промена на режимот на работа свртете го
прекинувачот за запирање на вртежи (3) во саканата
позиција.
Bosch Power Tools
Напомена: Променете го режимот на работа само
u
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Позиција за ударно дупчење
Доколку алатот за вметнување веднаш не
се врти, полека движете го електричниот
алат, додека не почне и алатот за
вметнување да се врти.
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото
Позиција за Длетување
Вклучување/исклучување
– За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (4) и држете го притиснат.
– За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (4).
На ниски температури електричниот апарат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Електрониката за регулација овозможува бесстепено
бирање на бројот на вртежи и удари за работење во
согласност со материјалот.
– Изберете го бројот на удари со тркалцето за
поставување (6) соодветно на материјалот.
Податоците во приложената табела се препорачани
вредности.
Примена
Обработување на малтер/лесни градежни
материјали
Вадење плочки
Обработка на цигли
Обработка на бетон
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во 12 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на вртењето (3)
во позиција „Vario-Lock".
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на вртењето (3)
во позиција „Длетување". Со тоа, прифатот за алат ќе
се фиксира.
Македонски | 123
Позиција на
копчето за
подесување
1
6
1 609 92A 743 | (18.05.2022)