124 | Македонски
Совети при работењето
Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку алатот што се вметнува се стегне или
u
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот алат секогаш држете го
цврсто со двете дланки поради јачината со која
работи и застанете во сигурна положба.
Исклучете го електричниот алат и олабавете го
u
алатот што се вметнува, доколку се блокира
електричниот алат. Доколку вклучите блокиран
алат за дупчење настануваат многу моменти на
блокирање.
Острење на алатот за длетување
Само со остри алати за длетување може да постигнете
добри резултати, затоа редовно острете ги истите. Ова
овозможува подолг рок на употреба на алатите и добри
работни резултати.
Дополнително брусење
Острете ги алатите за длетување на брусните плочи, на
пр. корунд, со ист довод на вода. Внимавајте на тоа, на
острицата да не се појави боја на отпуштање; ова ја
оштетува цврстината на алатите за длетување.
За ковање загрејте го длетото на 850 до 1050 °C (светло
црвена до жолта).
За калење загрејте го длетото на околу 900 °C и потопете
го во масло. Потоа ставете го во печка околу еден час на
320 °C (боја на жарење светло сина).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
– Исчистете го прифатот за алат по секоја употреба.
Подмачкување на електричниот алат
Електричниот алат се подмачкува со маст и веднаш е
подготвен за употреба.
Менувањето на маста за подмачкување е потребно само
во рамки на одржување или поправка од страна на
овластена сервисна служба за Bosch-електрични алати.
Притоа неопходно е да се употребува маст за
подмачкување од Bosch.
1 609 92A 743 | (18.05.2022)
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Отстранување
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните алати во
домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/ЕU за
електрични и електронски уреди и нивната
имплементација во националното право, електричните
алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и
да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и
електронската опрема може да имаат штетни влијанија
врз животната средина и здравјето на луѓето поради
можното присуство на опасни материи.
Bosch Power Tools