[mk] Општи безбедносни напомени
1
[mk] Општи безбедносни напомени
Напомени за целната група
Овие упатства се наменети за техничари за водоинсталации, греење,
вентилација и електрика, како и за оператори на системи за греење и
вентилација.
▶ Придржувајте се на сите упатства за компонентите на системот.
▶ Внимавајте на безбедносните напомени и предупредувања.
▶ Внимавајте на националните и регионалните прописи, технички правила и
регулативи.
Ако не се следат насоките, може да дојде до материјални штети и телесни
повреди, коишто може да бидат дури и смртоносни.
Прописна употреба
▶ Користете го производот исклучиво за регулација системи за греење и
вентилација.
Секоја друга употреба се смета за непрописна. Штетите што резултираат од неа
се исклучени од гаранцијата.
2
Изјава за сообразност
Овој производ соодветствува на европските и националните законски
побарувања во поглед на конструкцијата и работата.
Со CE-ознаката се упатува на тоа дека производот е сообразен во
однос на сите применливи регулативи на ЕУ со кои се предвидува
примената на ознаката.
Целосниот текст од изјавата за сообразност можете да ја пронајдете
на интернет: www.bosch-climate.rs.
84
CR 11 (H) – 6721850004 (2023/05)