Descargar Imprimir esta página

Bosch LR Professional 60 Manual Original página 186

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 31
186 | Македонски
За време на работата на мерниот уред се слушаат
u
гласни сигнални тонови во одредени околности.
Затоа држете го мерниот уред подалеку од ушите
одн. други лица. Гласниот тон може да го оштети
слухот.
Не го принесувајте магнетот во близина на
импланти или други медицински уреди, на
пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа.
Магнетот создава поле, кое може да ја
наруши функцијата на имплантите или
медицинските уреди.
Држете го мерниот уред подалеку од магнетни
u
носачи на податоци и уреди чувствителни на
магнет. Поради влијанието на магнетот може да дојде
до неповратно губење на податоците.
Внимание! При користењето на мерниот уред со
u
Bluetooth® може да настанат пречки на другите
уреди и системи, авиони и медицински апарати (на
пр. пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така
не може целосно да се исклучи можноста за
повреда на луѓе и животни во непосредна околина.
Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во
близина на медицински уреди, бензински пумпи,
хемиски уреди, области со опасност од експлозија
и во близина на мински полиња. Не го користете
мерниот уред со Bluetooth® во авиони. Избегнувајте
долготрајна употреба во директна близина на
телото.
Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите
(логоата) се регистрирани марки и сопственост на
Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со
зборови/слики се врши со лиценца преку Robert
Bosch Power Tools GmbH.
Опис на производот и
перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Ласерскиот приемник е наменет за брзо пронаоѓање на
ротирачки ласерски зраци со бранова должина којашто е
наведена во техничките податоци.
Ласерскиот приемник LR 60 е особено наменет за
контрола на GRL 600 CHV преку Bluetooth®, а ласерскиот
приемник LR 65 G за контрола на GRL 650 CHVG.
Ласерскиот приемник е погоден за користење во
внатрешен и надворешен простор.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на ласерскиот приемник на графичката
страница.
1 609 92A 7M6 | (12.05.2022)
(1) Приемно поле за ласерскиот зрак
(2) LED-приказ за правец „Ласерски зрак над
средишната линија"
(3) LED средишна линија
(4) LED-приказ за правец „Ласерски зрак под
средишната линија"
(5) Екран (предна и задна страна)
(6) Звучник
(7) Либела
(8) Куки за закачување
(9) Средишна ознака
(10) Магнет
(11) Прифат за држачот
(12) Сериски број
(13) Капак на преградата за батерии
(14) Фиксирање на капакот од преградата за батерии
(15) Копче Y‑оска
(16) Копче X‑оска
(17) Копче за режим CenterFind
(18) Копче за поставување точност на прием
(19) Копче за вклучување/исклучување
(20) Копче за сигнален тон/гласност
a)
(21) Либела на држачот
(22) Референтна средишна линија на држачот
a)
(23) Држач
(24) Вртливо копче на држачот
a)
(25) Мерна летва
(26) Завртка за прицврстување на држачот
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Елементи за приказ
(a) Приказ за наполнетост на батериите на
ротирачкиот ласер
(b) Приказ за врска преку Bluetooth®
(c) Приказ за точност на прием
(d) Приказ на мерна единица
(e) Приказ на текст
(f) Приказ за правец „Ласерски зрак под средишната
линија"
(g) Приказ за сигнален тон/гласност
(h) Приказ на средишната линија
(i) Приказ за батеријата на ласерски приемник
(j) Приказ за правец „Ласерски зрак над средишната
линија"
a)
a)
a)
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Lr professional lr 65 g