По стартувањето на режимот CenterFind, ротирачката
глава се движи горе-долу на ротирачкиот ласер. За
време на пребарувањето се појавува на приказот за
текст (e) CFX (X‑оска) одн. CFY (Y‑оска).
Ако ласерскиот зрак го пресретне приемното поле (1) во
висина на средишната линија на ласерскиот приемник, се
појавува приказот за средишна линија (h) како и на
приказот за текст (e) XOK (X‑оска) одн. YOK (Y‑оска). На
ротирачкиот ласер се прикажува вредноста на
пронајденото навалување. Режимот CenterFind
автоматски завршува.
Прекинување на режимот CenterFind:
За да го прекинете режимот CenterFind притиснете го
копчето за режим CenterFind (17) и држете го
притиснато.
Справување со грешки:
Доколку ласерскиот зрак не може во рамките на полето
на вртење да ја најде средишната линија на ласерскиот
приемник, се појавува на приказот за текст (e) ERR и сите
LED-прикази за насока светат. Притиснете на некое копче
на ротирачкиот ласер за да го затворите известувањето
за грешка на ласерскиот приемник. Повторно
позиционирајте го ротирачкиот ласер и ласерскиот
приемник, така што ласерскиот приемник се наоѓа во
рамките на полето на вртење од ±8,5 % на ротирачкиот
ласер. Осигурете се дека ласерскиот приемник е
порамнет со X-оската одн. Y-оската така што ласерскиот
зрак може хоризонтално да поминува низ приемното
поле (1). Потоа стартувајте го одново
режимот CenterFind.
LR 65 G: Доколку двете оски на ротирачкиот ласер треба
да бидат порамнети со еден ласерски приемник, истата
централна функција мора да биде поставена на двата
ласерски приемника. Комбинација од
режимот CenterFind и режимот CenterLock не е можна.
Доколку на некоја оска е веќе поставен
режимот CenterLock и на друга оска е стартуван
режимот CenterFind, на приказот за текст се појавува (e)
наизменично ERR и CL. На двата ласерски приемника
поставете го режимот CenterFind и одново стартувајте ја
функцијата.
Определување на навалувањето со
режимот CenterFind (види слика D)
Со помош на режимот CenterFind, навалувањето на една
површина може да биде измерено до макс. 8,5 %. За да
го направите ова, поставете го ротирачкиот ласер на
едниот крај на навалената површина во хоризонтална
положба на статив. X-оската или Y-оската на ротирачкиот
ласер мора да биде порамнета во една линија со
навалувањето што треба да се определи. Вклучете го
ротирачкиот ласер и оставете го да се израмни.
Прицврстете го ласерскиот приемник со држачот на
мерна летва (25). Поставете ја мерната летва близу до
мерниот уред (на истиот крај на навалената површина).
Порамнете го ласерскиот приемник на мерната летва во
висината, така што ласерскиот зрак на ротирачкиот ласер
е прикажан како во средина ➊.
Bosch Power Tools
Потоа поставете ја мерната летва со ласерскиот
приемник на другиот крај на навалената површина на ➋.
Осигурете се дека положбата на ласерскиот приемник на
мерната летва останува непроменета.
Стартувајте го режимот CenterFind за оската што е
порамнета со навалената површина. По завршувањето на
режимот CenterFind, на ротирачкиот ласер ќе се
прикаже навалувањето на површината.
Режим CenterLock (LR 65 G)
Во режимот CenterLock, ротирачкиот ласер се обидува
автоматски да го порамни ласерскиот зрак на
средишната линија на ласерскиот приемник со движење
на ротирачката глава нагоре-надолу. За разлика од
режимот CenterFind, позицијата на ласерскиот приемник
постојано се проверува и навалувањето на ротирачкиот
ласер автоматски се прилагодува. На екранот на
ротирачкиот ласер не се прикажани вредностите на
навалување.
Порамнување е можно за X‑оската и за Y‑оската кај
хоризонтална положба како и кај вертикална положба на
ротирачкиот ласер.
Стартување на режимот CenterLock:
Поставете го ротирачкиот ласер и ласерскиот приемник
така што ласерскиот приемник е во правец на X-оската
или Y-оската на ротирачкиот ласер. Порамнете го
ласерскиот приемник така што саканата оска лежи во
десниот агол на приемното поле (1).
Доколку ласерскиот зрак треба да биде порамнет на
двете оски, тогаш поставете еден ласерски приемник
поврзан со ротирачкиот ласер во правец на оските X и Y.
Секој ласерски приемник мора да биде во рамките на
полето на вртење од ±8,5 % на ротирачкиот ласер.
Вклучете го ротирачкиот ласер во режим на вртење.
Во менито за подесување на ласерскиот приемник, мора
да биде поставена функцијата за центрирање на
режимот CenterLock (CL). Доколку ротирачкиот ласер е
порамнет на две оски, тоа се однесува за двата ласерски
приемника.
За стартување на режимот CenterLock за X‑оската
држете притиснато на копчето за режим CenterFind (17),
или држете притиснато на копчето за
режим CenterFind (17) со копчето за X‑оска (16).
Македонски | 191
1 609 92A 7M6 | (12.05.2022)