Descargar Imprimir esta página

Bosch 0 603 9B3 001 Manual Original página 132

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 23
OBJ_BUCH-2792-002.book Page 132 Thursday, August 25, 2016 11:14 AM
132 | Македонски
 Затоа користете батерии кои се предвидени за
електричниот апарат. Користењето друг вид батерии
може да доведе до повреди и опасност од пожар.
 Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
 При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за
одвртувачи/зашрафувачи
 Држете го уредот за изолираните површини на
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се
вметнува или шрафот може да наиде на скриени
електрични кабли. Контактот на шрафот со струјниот
кабел може металните делови на уредот да ги стави под
напон и да доведе до електричен удар.
 Цврсто држете го електричниот апарат. При
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, прекинувачот
за правец на вртење ставете го во средна позиција.
При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Заштитете го електричниот апарат од
топлина, на пр. од долготрајно изложување
на сончеви зраци, оган, вода и влага. Постои
опасност од експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
1 609 92A 3GK | (25.8.16)
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Безбедносни напомени за полначи
Овој полнач не е предвиден за
користење од страна на деца и
лица со намалени психички,
физички или ментални
способности или недоволно
искуство и знаење. Овој полнач
може да го користат деца над 8
години како и лица со намалени
физички, сензорни и ментални
способности или недоволно
искуство и знаење, доколку се
под надзор од лица одговорни за
нивната безбедност или се
подучени за безбедно ракување
со полначот и ги разбираат
опасностите кои може да
произлезат поради тоа. Инаку
постои опасност од погрешна
употреба и повреди.
Надгледувајте ги децата за
време на користењето,
чистењето и одржувањето. Така
ќе се осигурате дека децата нема да
си играат со полначот.
Полнете само Bosch литиум-
јонски акумулатори со капацитет
од 1,5 Аh (од 3 акумулаторски
ќелии). Напонот на батеријата
мора да одговара на напонот за
полнење на полначот. Не полнете
повторно полнливи батерии.
Инаку постои опасност од пожар и
експлозија.
Полначот држете го подалеку од дожд и
влага. Навлегувањето на вода во полначот го
зголемува ризикот од електричен удар.
 Полнете го електричниот апарат само со
испорачаниот полнач.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Easydrill 12