Descargar Imprimir esta página

Bosch PSM 8 Manual Original página 206

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 35
OBJ_BUCH-2324-001.book Page 206 Thursday, April 30, 2015 10:40 AM
206 | Македонски
Монтажа
 Избегнувајте невнимателно вклучување на
електричниот апарат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот апарат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Внимавајте на приказот на обемот на
испорачаните материјали на почетокот од
упатството за употреба.
Пред првата употреба на електричниот
апарат, дали сите долу наведени делови
се испорачани:
– Пила за отсекување и сечење под агол со монтиран
лист за пилата
– Вреќичка за прав 19
– Столарска стега 27
– Клуч со внатрешна шестаголна глава 24
– Држач за заштита од превртување 25 со завртки за
прицврстување 32
Напомена: Проверете дали електричниот апарат има
оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот апарат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат,
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена сервисна
работилница.
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од
испорачаната опрема.
– Заради олеснување на работата, при монтажата
внимавајте на испорачаните елементи на уредот,
бидејќи електричниот апарат е во транспортна
позиција.
Монтирање на држачот за заштита од превртување
(види слика A)
Пред првата употреба на електричниот апарат мора да го
монтирате држачот за заштита од превртување 25.
– Свртете го електричниот апарат и внимателно
поставете го на заштитната хауба 4 и масата за пила 12.
– Вметнете го држачот за заштита од превртување 25 во
предвидените отвори на основната плоча, додека не се
израмнат навојните отвори на држачот за заштита од
превртување и основната плоча.
– Вметнете ги завртките за прицврстување 32 во
навојните отвори и затегнете ги со испорачаниот клуч
со внатрешна шестаголна глава 24.
1 609 92A 109 | (30.4.15)
– Свртете го електричниот уред, така што повторно ќе
стои во правилна позиција за работа.
 Никогаш не го отстранувајте држачот за заштита од
превртување. Без заштитата од превртување,
електричниот апарат нема да биде стабилен и може да
се преврти при сечење на максимални агли на
закосување.
Монтажа на работна површина (види слика B)
– Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 8.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања
на дишните патишта на корисникот или лицата во
околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест може да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Секогаш користете вшмукувач за прав.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено вшмукување (види слика C)
– Прикачете ја кесата за прав 19 на исфрлувачот на
струготини 22.
За време на сечењето, вреќичката за прав никогаш не
треба да дојде во допир со подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја вреќичката за прав.
Надворешно вшмукување
За вшмукување, на исфрлувачот на струготини 22 може
да приклучите и црево за вшмукување на прав (Ø 35 мм).
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading