ВАЖНО Наведете ги податоците
од етикетата за идентификација на
производот секогаш кога ќе го контактирате
Овластениот сервисен центар.
ВАЖНО Пример на Изјавата за
сообразност се наоѓа на последната
страница во ова упатство.
3.4 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ
Машината се состои од следните
главни делови коишто соодветствуваат
на следните функции (сл.1 ):
A. Единица со моторот: овозможува
движење на роторот.
B. Цевка на дувачот: елемент предвиден
за излез на протокот на воздух.
C. Рачка: овозможува управување
на машината.
D. Појас (доколку е достапен): опрема
што се состои од платнени ремени
што минуваат над рамениците,
помага да се издржи тежината на
машината во текот на работата.
E. Точка за закачување на појасот
(доколку е достапна): тука се
закачува појасот за машината.
F.
Батерија (дополнителна опрема по
избор, пасус 14.1) : уред што обезбедува
енергија за стартување на уредот; неговите
спецификации и правила за користење
се опишани во специјалниот прирачник.
G. Полнач за батеријата (дополнителна
опрема по избор, пасус 14.2): уред што
се користи за полнење на акумулаторот;
неговите спецификации и правила за
користење се опишани во специјалниот
прирачник. Достапни се модели на
полначи за два акумулатора: G1 (за
брзо полнење на акумулатор); G2 (за
стандардно полнење на акумулатор);.
H. Ранец за батерија (додаток на барање,
пас. 14.3): уред во кој се ставаат батериите.
I.
Кабел за поврзување: кабел
што се користи за поврзување на
машината со ранецот за батерија.
J.
Симулатор на батерија (додаток
на барање, пас. 14.4): уред што,
кога е вметнат во куќиштето на
машината, овозможува употреба
на ранецот за батерија.
4. МОНТИРАЊЕ
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или несреќи.
За потребите на складирање и транспорт,
одредени компоненти на машината не се
монтирани во фабриката, туку треба да
се монтираат по нејзиното отпакување.
Следете ги упатствата подолу.
Распакувањето и целата монтажа треба
да се извршат на цврста и рамна површина
со доволно простор за поместување на
машината и на амбалажата користејќи
секогаш соодветни алати. Не ја користете
машината пред да ги прочитате упатствата
наведени во делот „МОНТИРАЊЕ".
4.1
ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.
4.1.1
Распакување
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите
делови што не се монтирани.
4. Извадете ја машината од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
Пред да започнете со
монтирање, уверете се дека
батеријата не е на своето место.
4.2 МОНТИРАЊЕ / ДЕМОНТИРАЊЕ
НА ЦЕВКАТА НА ДУВАЧОТ
1. Порамнете го уредот за заклучување
(Сл.3.А) со делот (Сл. 3.B) на отворот
за излез на воздухот (Сл. 3.C).
2. Притиснете ја цевката (Сл. 3.D) додека не
се прицврсти со погонската единица и не
кликне кога ќе се вметне на своето место.
– За да ја извадите цевката, притиснете
го копчето (Сл. 3.А) и извлечете ја.
ВАЖНО Запрете ја машината и
извадете ја батеријата (пасус 7.2.2) при
секое вадење на цевката на дувачот.
MK - 9