ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Ако ширината на отворот на
вратата е премногу тесен за да
помине фрижидерот, извадете ја
вратата и свртете го фижидерот
странично; ако и тогаш не
успеете да го пренесете, јавете
се во овластениот сервис.
• Поставете го фрижидерот на рамна
површина за да нема вибрации.
• Поставете го фрижидерот на
растојание од најмалку 30 см од
грејач, шпорет и слични извори на
топлина и на растојание од најмалку 5
см од електрични рерни.
• Не го изложувајте производот на
директна сончева светлина и не го
чувајте во влажни средини.
• Проверете дали заштитната
компонента што обезбедува доволно
растојание од ѕидот е на своето место
(ако е доставена со производот).
4.2 Електрично поврзување
Не користете продолжителни
кабли или двојни штекери при
поврзувањето во струја.
Оштетениот електричен кабел
мора да го замени овластениот
сервис.
Кога поставувате два ладилници
во соседна положба, оставете
најмалку 4 см растојание помеѓу
двете единици.
• Нашата фирма не презема
одговорност за оштетувањата што ќе
настанат ако производот се користи
без заземјување и без да биде
поврзан на електричната мрежа во
согласност со националните
регулативи.
• Приклучокот на електричниот кабел
мора да биде лесно достапен по
инсталирањето.
• Не користете мулти-приклучница со
или без продолжен кабел помеѓу
ѕидниот штекер и ладилникот.
4.3 Приспособување на ногалките
Ако фрижидерот не е поставен рамно,
израмнете ги предните приспособливи
ногалки, вртејќи ги десно или лево.
4.4 Предупредување за врела
површина
Страничните ѕидови на производот
имаат цевки за разладување што го
подобруваат системот за ладење.
Течноста со висок притисок може да
тече низ овие површини и да предизвика
жешки површини на страничните ѕидови.
Ова е нормално и нема потреба од
сервис. Бидете претпазливи при контакт
со овие делови..
MK / 38
HR
MK
SR
ES