Ладилникот не работи.
• Приклучокот за напојување не е
целосно поставен. >>> Приклучете го
така што целосно ќе се смести во
штекерот.
• Осигурувачот поврзан со штекерот
што го напојува производот или
главниот осигурувач е изгорен. >>>
Проверете го осигурувачот.
Кондензација на страничниот ѕид на
одделот за ладење (MULTI ZONE,
COOL CONTROL и FLEXI ZONE).
• Вратата се отвора пречесто. >>>
Внимавајте да не ја отворате вратата
на производот пречесто.
• Околината е премногу влажна. >>> Не
го инсталирајте производот во влажна
околина.
• Храната што содржи течности се чува
во незатворени садови. >>> Чувајте ја
храната што содржи течности во
херметички затворени садови.
• Вратата на производот е оставена
отворена. >>> Не ја оставајте вратата
на производот отворена долго време.
• Термостатот е поставен на многу
ладна температура. >>> Поставете го
термостатот на соодветна
температура.
Компресорот не работи.
• Во случај на ненадеен прекин на
напојувањето или исклучување на
приклучокот за напојување и повторно
вклучување, притисокот на гасот во
системот за ладење на производот не
е избалансиран, што ја активира
термичката заштита на компресорот.
Производот ќе се рестартира по
отприлика 6 минути. Доколку
производот не се рестартира по овој
период, контактирајте го сервисот.
• Одмрзнувањето е активно. >>> Ова е
нормално за целосно автоматски
производ за одмрзнување.
Одмрзнувањето се извршува
периодично.
• Производот не е вклучен во струја.
>>> Проверете дали кабелот за
напојување е вклучен.
• Поставката за температура е
неправилна. >>> Изберете ја
соодветната поставка за температура.
• Нема струја. >>> Производот ќе
продолжи да работи нормално откако
ќе се врати струјата.
Бучавата при работа на ладилникот
се зголемува за време на употреба.
• Работните перформанси на
производот може да се разликуваат во
зависност од разликите на
температурата на околината. Ова е
нормално и не е дефект.
Ладилникот работи пречесто или
предолго.
• Новиот производ може да е поголем
од претходниот. Поголемите
производи ќе работат подолго време.
• Собната температура може да е
висока. >>> Производот вообичаено ќе
работи подолго време на повисока
собна температура.
• Производот можеби бил неодамна
приклучен или внатре е ставена нова
храна. >>> На производот ќе му треба
подолго време за да ја достигне
поставената температура кога
неодамна бил приклучен или ќе се
стави нова храна внатре. Ова е
нормално.
• Можеби неодамна се ставени големи
количини топла храна во производот.
>>> Не ставајте топла храна во
ладилникот.
• Вратите често се отворале или биле
отворени долго време. >>> Топлиот
воздух што се движи внатре ќе
предизвика производот да работи
подолго. Не отворајте ги вратите
пречесто.
• Вратата на замрзнувачот или на
ладилникот може да е подотворена.
>>> Проверете дали вратите се
целосно затворени.
• Прозводот може да е поставен на
температура што е прениска. >>>
Поставете ја температурата на
повисок степен и почекајте производот
да ја достигне прилагодената
температура.
MK / 44
HR
MK
SR
ES