Descargar Imprimir esta página

Bosch GCM 305-254 D Professional Manual Original página 292

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 50
292 | Македонски
Сечење делови со еднаква должина (види слика R)
За едноставно сечење на делови со еднаква должина
може да го употребите левиот или десниот граничник за
должина (36).
– Повлечете го граничникот за должина (36) нагоре.
– Поставете го продолжетокот на масата за пила (25) на
саканата должина на делот што се обработува.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На
линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот
што се обработува, граничната водилка и масата за пила.
Доколку е потребно, мора да направите специјални
држачи.
Менување на плочата за вметнување (види слика S)
Плочите за вметнување (16) може да го истрошат
електричниот алат по подолга употреба.
Заменете ја дефектната плоча за вметнување.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Одвртете ги завртките (54) со обичен крстест
одвртувач и извадете ја старата плоча за
вметнување (16).
– Ставете ја новата плоча за вметнување и повторно
затегнете ги завртките (54).
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот алат треба да биде приклучен на
напојување со струја.
Никогаш не го активирајте прекинувачот за
u
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
рачката на алатот). Невнимателниот старт на
електричниот алат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (14) до жлебот (22) за 0°.
Лостот (19) мора осетно да се вклопи во жлебот.
За да обезбедите попрецизни резови мора да ги
проверите ласерските зраци по интензивно користење и
евентуално одново да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Проверка (види слика T1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со
дршката (9).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што
запците од сечилото за пила ќе се израмнат со
линијата за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
1 609 92A 8HX | (23.03.2023)
– Прицврстете го делот за обработка.
– Вклучете ги ласерските зраци со прекинувачот (5).
Ласерските зраци мора по целата должина од левата и
десната страна да бидат на исто растојание од означената
линија на сечење на делот за обработка, дури и кога
кракот на алатот се поместува надолу.
Отстранување на заштитното капаче на ласерот (види
слика T2)
– Олабавете ги двете завртки (55) на заштитното капаче
на ласерот (10) со клучот со внатрешна шестаголна
глава/плоснатиот одвртувач (43) и отстранете го
заштитното капаче на ласерот.
Поставување на страничното отстапување при
движење на рачката на алатот (види слики T3−T4)
– Олабавете ја завртката за прицврстување (56) (околу
1–2 вртења).
Не ја одвртувајте целосно завртката.
– Поместете го куќиштето на ласерот (57) налево или
надесно, додека ласерските зраци, при движење
надолу на рачката на алатот, повеќе не отстапуваат
странично.
– Држете го куќиштето на ласерот (57) во оваа позиција
и повторно затегнете ги завртките за
прицврстување (56).
– Повторно прицврстете го заштитното капаче на
ласерот (10).
Проверка и подесување на основните
поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Хоризонтално подесување на агломерот (види
слика U)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (14) до жлебот (22) за 0°.
Лостот (19) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка
Агломерот (58) мора да биде во една линија со 0°-
ознаката на скалата (23).
Подесување
– Олабавете ја завртката (59) со крстест одвртувач и
центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
– Повторно зацврстете ја завртката.
Израмнување на агломерот (вертикално) (види
слика V)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Олабавете го тркалото за стегање (45).
Bosch Power Tools

Publicidad

loading