– Резервната глава за дупчење сама се заклучува.
Проверете дали е заклучена со влечење на резервната
глава за дупчење.
Промена на алат
Капакот за заштита од прав (4) го спречува
навлегувањето на правта која се создава при дупчењето
во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот
проверете дали капакот за заштита од прав (4) е оштетен.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Замена на алат SDS plus
Ставање на SDS plus алатот за вметнување (види
слика D)
Со SDS plus главата за дупчење може едноставно и лесно
без користење на дополнителни алати да го замените
алатот што се вметнува.
– GBH 2-28 F: Вметнете ја SDS plus заменливата глава за
дупчење (2).
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со повлекување на алатот.
Со SDS plus-алатот за вметнување може слободно да се
маневрира поради системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Вадење на SDS plus-алатот за вметнување (види
слика E)
– Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Замена на алат, брзозатегнувачка заменлива глава за
дупчење
GBH 2-28 F
Ставање на алатот за вметнување (види слика F)
Напомена: Не користете алати без SDS plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS plus и главата
за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете ја брзозатегнувачката заменлива глава за
дупчење (1).
– Држете го цврсто затезниот прстен (19) на
брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење.
Отворете го прифатот за алат со вртење на предната
чаура (18) додека не дојде во позиција каде може да
се вметне алатот. Држете го цврсто затезниот прстен
(19) и вртете ја предната чаура (18) во правец на
стрелката, додека не слушнете дека е вклопена.
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај,
при вртење на истиот може да се слушне како се
вклопува, а сепак да не се затвора.
Bosch Power Tools
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура (18) во
правец спротивен на стрелката. Потоа може да се
затвори алатот за прифат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (11) во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување (види слика G)
– Држете го цврсто затезниот прстен (19) на
брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење.
Отворете го прифатот за алат со вртење на предната
чаура (18) во правец на стрелката, додека не дојде во
позиција каде може да се извади алатот.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Всисување прав со GDE 16 Plus (опрема)
(види слика H)
За системот за всисување прав потребно е
GDE 16 Plus (20).
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Всисување прав со GDE 18V-26 D (опрема)
За всисувањето прав потребен е уред за всисување GDE
18V-26 D.
При употреба на GDE 18V-26 D почитувајте ги
напомените за неговата намена во соодветното упатство
за употреба.
Капаче за собирање на прав (опрема)
(види слика I)
За лесно собирање прав без вшмукување потребно е
капаче за собирање прав (21).
Македонски | 163
1 609 92A 9A8 | (15.04.2024)