164 | Македонски
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Подесување на режимот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11)
изберете го начинот на работа на електричниот алат.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување (10) и свртете го
прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) во
саканата позиција додека не слушнете дека се
вклопил.
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Позиција за ударно дупчење во бетон или
камен
Позиција за Дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
Завртување
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за запирање
на удари/вртежи (11)не се вклопува.
Позиција за Длетување
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (7)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (9) е притиснат, ова не е
возможно.
Прекинувачот за менување на правецот на
u
вртење (7) активирајте го само кога електричниот
алат е во празен од.
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и
длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
– Тек на десно: свртете го прекинувачот за правец на
вртење (7) од двете страни до крај во позиција
– Тек на лево: свртете го прекинувачот за правец на
вртење (7) од двете страни до крај во позиција
Вклучување/исклучување
– За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
– За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (9) држете го истиот притиснат и
1 609 92A 9A8 | (15.04.2024)
дополнително притиснете на копчето за
фиксирање (8).
– За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (9). При
фиксиран прекинувач за вклучување/
исклучување (9), најпрво притиснете го и потоа
отпуштете го.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (9).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (9) се постигнува мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во 36 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (11) во позиција „Vario-Lock".
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (11) во позиција „Длетување". Со тоа,
прифатот за алат ќе се фиксира.
– Поставете го правецот на вртење за длетување на
десен тек.
Совети при работењето
Подесување на длабочината на дупчење (види слика
J)
Со граничникот за длабочина (14) може да се утврди
длабочината на дупчење X.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина (12) и поставете го граничникот за
длабочина во дополнителната рачка (13).
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (14)
мора да покажува надолу.
– Вметнете го SDS plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS plus (3). Инаку, доколку
SDS plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до
погрешно подесување на длабочината на дупчење.
– Извлечете го граничникот за длабочина до степен што
растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
.
граничникот за длабочина ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
.
Брзо исклучување (KickBack Control)
Брзото исклучување (KickBack Control)
нуди подобра контрола на
електричниот алат и со тоа ја зголемува
заштитата при користење, во споредба
со електричните алати без KickBack
Control. При ненадејна и непредвидена
Bosch Power Tools