OBJ_BUCH-757-011.book Page 260 Wednesday, February 1, 2017 8:52 AM
260 | Македонски
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. По силни надворешни влијанија на
мерниот уред, пред да го употребите за работа,
секогаш извршете контрола на точноста (види „Точност
на нивелирање на ротациониот ласер", страна 262).
Исклучете го мерниот уред, пред да го
транспортирате. На тој начин ќе заштедите енергија и
ќе спречите случајно да излезат ласерски зраци.
Поставување на мерниот уред
Хоризонтална
положба
Вертикална
положба
– Поставете го мерниот уред во хоризонтална и
вертикална положба, монтирајте го на статив 37 или на
ѕиден држач 39 со единицата за израмнување.
Врз основа на високата точност на нивелирање, мерниот
уред реагира многу осетливо на потреси и промени на
положбата. Внимавајте на стабилна позиција на мерниот
уред, за да се избегнат прекини на работата поради
дополнително нивелирање.
Вклучување/исклучување
Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни (особено не во висина на очите), и не
погледнувајте директно во него (дури ни од голема
оддалеченост). Мерниот уред веднаш по
вклучувањето праќа вертикална ласерска линија 9 и
варијабилен ласерски зрак 6.
– За вклучување на мерниот уред, притиснете го
копчето за вклучување-исклучување 4. Приказите 1, 3
и 12 кратко светнуваат. Мерниот уред започнува
веднаш со автоматско нивелирање. За време на
нивелирањето, приказот за нивелирање 3 трепка
зелено и ласерот трепка во точкаст режим.
Мерниот уред е изнивелиран, штом приказот за
нивелирање 3 свети непрекинато зелено и ласерот свети
непрекинато. По завршување на нивелирањето мерниот
уред автоматски стартува во ротационен погон.
Со копчињата за начини на работа 5 и 11 може да го
утврдите начинот на работа за време на нивелирањето
(види „Режими на работа за ротациониот ласер",
страна 260). Во овој случај мерниот уред стартува по
завршувањето на нивелирањето во избраниот начин на
работа.
– За исклучување на мерниот уред, одново притиснете
го копчето за вклучување-исклучување 4.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
Мерниот уред автоматски ќе се исклучи заради заштита на
батериите, доколку се наоѓа подолго од 2 часа надвор од
полето на самонивелирање или предупредувањето за
удари е активирано подолго од 2 часа (види „Автоматика
1 609 92A 273 | (1.2.17)
на нивелирање на ротациониот ласер", страна 261).
Одново позиционирајте го мерниот уред и повторно
вклучете го.
Ставање во употреба на далечинскиот
управувач
Заштитете го далечинскиот управувач од влага и
директно изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте далечинскиот управувач на
екстремни температури или осцилации во
температурата. Напр. не ја оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во температурата,
оставете го далечинскиот управувач најпрво да се
аклиматизира, пред да го ставите во употреба.
Се додека има доволно напон во батеријата, далечинскиот
управувач е подготвен за работа.
– Мерниот уред поставете го на тој начин, така што
сигналите на далечинскиот управувач досегаат до една
од приемните леќи 7 во директен правец. Доколку
далечинскиот управувач не може да се насочи
директно на приемна леќа, се намалува работното
поле. Со рефлексии на сигналот (напр. на ѕидовите)
дометот може да се подобри и при индиректен сигнал.
По притискање на едно од копчињата на далечинскиот
управувач, светлата на приказот на режим покажуваат 30,
дека е испратен сигнал.
Вклучувањето/исклучувањето на мерниот уред не е
возможно со далечински управувач.
Режими на работа за ротациониот ласер
Преглед
Сите три начини на работа се возможни во хоризонтална и
вертикална положба на мерниот уред.
Ротационен режим
Ротациониот режим е особено
препорачлив доколку се применува
ласерскиот приемник. Може да бирате
меѓу различни брзини на ротација.
Линиски режим
Во овој режим на работа,
варијабилниот ласерски зрак се движи
во ограничен агол на отворање.
Притоа, видливоста на ласерскиот зрак
е зголемена во споредба со
ротациониот режим. Може да бирате
меѓу различни агли на отворање.
Точкаст режим
Во овој режим на работа се постигнува
најдобра видливост на варијабилниот
ласерски зрак. Тој напр. служи за
едноставно пренесување на висини
или за контрола на правите линии.
Bosch Power Tools