Предвидена употреба
Кабелот за полнење е предвиден за полнење на електро-
и хибридни возила и се употребува на станиците опремени со
такви приклучоци. Друга употреба освен наведената не е дозволе-
на. Кабелот за полнење е безбеден единствено доколку го почиту-
вате упатството за употреба.
Пред да го употребувате кабелот за полнење, прочитајте го упат-
ството и следете ги инструкциите.
Покрај ова упатство, внимавајте и на документацијата за Вашето
електрично возило.
Непочитувањето на ова упатство може да доведе до оштетување
на кабелот за полнење. Покрај тоа, истото е поврзано и со на при-
мер, електричен удар, незгода или пожар.
Неправилна употреба
Доколку неправилно го употребувате, се зголемува ризикот од
штетни гасови и опасности по здравјето.
Во секој случај избегнувајте ги следните наведени точки:
Промени/манипулации со кабелот за полнење.
Кабелот за полнење да не се поврзува кон несоодветни при-
клучоци.
Употреба на дефектен кабел за полнење.
За сите оштетувања кои би настанале како последица од непра-
вилна употреба, а притоа се предизвикуваат штети кај луѓето или
предмети, вината ќе ја сноси корисникот на кабелот, а не произве-
дувачот.
Ве молиме бидете внимателни бидејќи грешките при употребата
или приклучувањето не претставуваат наша одговорност.
MENNEKES Stecker GmbH & Co. KG не преземаат одговор-
ност за оштетувања кои настануваат од неправилна употреба.
Важни сигурносни совети
Деца не смеат да го употребуваат кабелот!
Држете ги животните подалеку од кабелот.
Кабелот поврзувајте го единствено кон приклучоци
кои се наменети исклучиво за таа употреба.
Да не се користат продолжетоци или адаптери.
Не го употребувајте кабелот во околини каде постои
опасност од запаливи течности, гасови или прашини
кои можат да експлодираат или да се запалат!
Обрнете внимание на насловна страница - слика 1.
Избегнете ги ситуациите кои се наведени.
Доколку не внимавате на овие забелешки,
постои опасност за луѓето и предметите!
60
Технички податоци
Кабел за полнење наменет за
„режим 3" (Тип 2 / Тип 1)
Кабел за полнење наменет за
„режим 3" (Тип GB)
Номинален напон
(Тип 2)
Номинален напон
(Тип GB)
Номинален напон (Тип 1)
Номинална фреквенција
Номинална вредност на струја
(Тип 2 + Тип 1)
Номинална вредност на струја
(Тип GB)
Моќност на полнење
Тип на заштита
Амбиентална температура
Температура во магацин
f Внимавајте на ознаката за типот на конекторот за полнење.
Работење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Оштетен кабел за полнење – опасност по живот
возможен струен удар!
Оштетениот кабел може да предизвика смрт или тешки повреди.
f Пред употреба секогаш проверувајте го кабелот за
оштетувања (на пример, напукувања). Заменете го
оштетениот кабел со нов.
f Не употребувајте продолжни кабли или адаптери во
комбинација со кабелот за полнење.
Започнување на процесот на полнење
Обрнете внимание на насловна страница - слика 2.
Кога кабелот за полнење ќе биде поврзан со конзолата за полнење
и електричното возило, може да започне процесот за полнење.
Внимавајте на документацијата за Вашето електрично возило.
Стандард IEC 61851
Стандард IEC 62196
Стандард GB/T 20234
макс. 480 V AC
макс. 440 V AC
макс. 250 V AC
50 Hz / 60 Hz
20 A / 32 A
16 A / 32 A
4,6 - 22 kW
IP20 (неприклучен)
IP44 (приклучен)
IP44 (со заштитен капак)
-30 ... +50 °C
-30 ... +50 °C