MK
1. СИГУРНОСНИМЕРКИ
Пред да се вклучи пумпата, да се прочита внимателно ова упатство за употреба.и
сочувајте го следни консултации.
Апаратот треба да се користи само за употреба за која е конструиран.
Овоj уред не е наменет за употреба од страна на лица (вклучуваjки и деца) со ограничени физички,
сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и/или на знаење, освен доколку тие
лица се под надзор на лице, кое е надлежно за нивната безбедност, или доколку од тоа лице добиваат
инструкции за тоа, како да се користи апаратот. Децата треба да бидат под надзор, за да бидете сигурни,
дека тие не играат со апаратот.
Напојниот кабел не треба никогаш да се употребува за пренесување или за поместување на
пумпата. Употребувајте ја секогаш рачката напумпата.
Кога пумпата е приклучена на електричната мрежа треба да се избегнува било кој допир со
вода.
Да не се вади никогаш утикачот од приклучницата повлекувајќи го кабелот.
Пред билокаква интервенција на пумпата, да се извади секогаш утикачот од електричниот
напој.
Ако напојниот кабел е оштетен, истиот треба да биде заменет од производителот или од
неговиот авторизиран помошен сервис, така да се избегне секој ризик.
Заштита од преоптеретеност. Пумпата е опскрбена со топлотна заштита на моторот. Во
случај на евентуално презагревање на моторот, направата за заштита на моторот ја гаси
автоматски пумпата. Времето на ладење е околу 15-20 минути после тоа пумпата автоматски
се вклучува. После интервенцијата на направата за заштита на моторот апсолутно е
неопходно да се пронајде причината за презагревањето и да се отстрани. Види го поглавјето
Барање на Проблеми.
2. УПОТРЕБА НА РАЗЛИЧНИ ТИПОВИ НА ПУМПИ
2.1 Површински авто – всмукувачки пумпи со повеќе ротативни тела. (MULTI INOX)
можат да бидат со 1, 3, 4, 5 ротативни тела, идеални се за снабдување со вода за до и во мали и
средноголеми градини. Скалата на производи содржи пумпи чие тело инокс (нерѓосувачки челик)и тело
изработено од пластика.
• Посебно се прикладни за празнење на мали корита. Пумпите се изработени отпорни на хлор (со
нормална концентрација).
• Прикладни се за наводнување кога вода се зема од собирен резервоар.
2.2 Автоклави со интегрирана електроника. (BOOSTERSILENT)
карактеризирани со крајна нечујност благодарение на специфичната техника на нивната конструкција,
можат да бидат со 3, 4, 5 ротативни тела. Опскрбени се со електронска сигурносна направа која го
спречува работењето на пумпата на суво.
• Прикладни се за наводнување на градини и ниви, снабдување со вода за домашна употреба.
• Карактеризирани се со постојан притисок и носивост.
105