6.
Кабел за напојување на јакната/елекот/
ќебето
За производите во групата A наведени погоре,
поврзете го соодветниот кабел на адаптерот за
јакната/елекот со вентилатор или загреаната јакна/
елек/ќебе.
За производите во групата B наведени погоре,
поврзете го штекерот за напојување на држачот за
батерии.
НАПОМЕНА: Обликот и локацијата на штекерот
се разликуваат, зависно од јакната/елекот/ќебето.
7.
Касета за батерија (изборен додаток)
Вметнете ја касетата за батеријата до крај додека
не се блокира во место при што ќе се слушне мало
кликнување.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
Монтирање или отстранување на
касетата за батерија
ВНИМАНИЕ:
Држете ги држачот за батерии
и касетата за батерија цврсто кога ја монтирате
или отстранувате касетата за батерија. Ако не
ги држите цврсто држачот за батерии и касетата за
батерија, тие може да се лизнат од вашите раце и
да дојде до нивно оштетување, како и до телесна
повреда.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
уредот пред да ја отстраните касетата за
батеријата.
► Сл.2: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за
батерија 4. Држач за батерии
За монтирање на касетата за батерија, порамнете
го јазичето на касетата со жлебот во куќиштето
и лизнете го во место. Секогаш вметнувајте ја
касетата за батерија до крај додека не се блокира во
место при што ќе се слушне мало кликнување. Ако
можете да го видите црвениот индикатор на горната
страна од копчето, тоа значи дека не е целосно
блокирана во место.
За да ја извадите касетата за батерија, повлечете ја
од држачот за батерии додека го притискате копчето
на предната страна на касетата.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батерија целосно додека црвениот
индикатор не се изгасне. Во спротивно, касетата
за батерија може случајно да испадне од држачот
за батерии, со тоа предизвикувајќи повреда вам
или некому околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батерија на сила. Ако касетата за
батерија не може да се лизне лесно, тоа значи
дека не е поставена правилно.
Закачување на држачот за
батерии
Држачот за батерии може да го закачите на каишот.
За да се спречи случајното паѓање на држачот за
батерии, закачете лента користејќи го отворот за
ленти и обезбедете го.
► Сл.3: 1. Отвор за ленти
Држачот за батерии има функција што спречува
паѓање. Кога го отстранувате држачот за батерии од
каишот, повлечете го нагоре додека го притискате
копчето за одблокирање.
► Сл.4: 1. Копче за одблокирање
Поврзување USB-уреди
ВНИМАНИЕ:
што се компатибилни со USB-портата за
напојување. Во спротивно, може да дојде до
дефект на држачот за батерии.
ЗАБЕЛЕШКА:
уредот со држачот за батерии (со батеријата),
секогаш правете резервна копија на
податоците на USB-уредот. Во спротивно, може
да дојде до губење на податоците.
ЗАБЕЛЕШКА:
испорачува енергија на некои USB-уреди.
ЗАБЕЛЕШКА:
по полнење, отстранете го USB-кабелот и
затворете го капакот.
Држачот за батерии (со касетата за батерија)
може да работи како надворешно напојување за
USB-уредите.
Отворете го капакот и поврзете го USB-кабелот (не
е вклучен) со USB-портата на држачот за батерии.
Поврзете го другиот крај на кабелот со уредот. За
да започнете со полнење, притиснете го и задржете
го копчето за напојување додека не се вклучи
индикаторот за нивото на напојувањето. За да
запрете со напојувањето, притиснете го и задржете
го копчето за напојување додека не се исклучи
индикаторот за нивото на напојувањето.
► Сл.5: 1. Капак 2. USB-порта
НАПОМЕНА: Вистинската излезна струја се
разликува, зависно од USB-уредот што треба да
се поврзе.
НАПОМЕНА: Енергијата на батеријата се троши
додека копчето за напојување е вклучено.
Секогаш исклучувајте го прекинувачот кога не се
користи.
НАПОМЕНА: Кога се полнат повеќе USB-уреди
во низа, почекајте околу 10 секунди откако
полнењето на претходниот уред завршило пред да
започнете со полнење на следниот уред.
110 МАКЕДОНСКИ
Поврзувајте само уреди
Пред поврзување на USB-
Држачот за батерии може да не
Кога не се користи или