Мени Поставки; Мени Дополнителни Поставки; Примери За Мерни Резултати - Bosch D-tect 150 Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para D-tect 150 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 30
178 | Македонски
Режимот на метар на примерот ја прикажува истата
ситуација како на сликата D: три железни прачки на исто
растојание. Во режимот на метар може да се одреди
растојанието меѓу средините на пронајдените објекти.
Под приказот за дозволената длабочина на дупчење (l) се
задава стартната точка од повлечената мерна линија, во
примерот 20,1 cm.
Во малата мерна прачка преку приказот за режим на
работа (h) трите пронајдени објекти се прикажуваат како
правоаголници.
Напомена: Приказот на дозволената длабочина на
дупчење (l) како и карактеристиките на материјалот (m)
се означуваат во сензорот на црно прикажаниот објект.
За да вратите во стандарден екран за прикажување,
кратко притиснете на копчето за избор (10) или (12).
Напомена: Се менува само приказот, а не мерниот
режим!
Мени Поставки
За да го отворите менито Поставки, притиснете на
копчето за подесување (14).
За да го напуштите менито, притиснете на копчето за
старт (11). Се преземаат поставките избрани до овој
момент. Се активира стандардниот екран за
прикажување за мерниот процес.
Навигирање во менито
Притиснете на копчето за подесување (14), за да лизгате
надолу.
Притиснете на копчињата за избор (10) и (12), за да ги
изберете вредностите:
– Со копчето за избор (10) ја избирате десната одн.
следната вредност.
– Со копчето за избор (12) ја избирате левата одн.
претходната вредност.
<Language> (Јазик)
Во менито <Language> (Јазик) можете да го промените
јазикот за водење на менито. Фабрички е поставено
<English> (Англиски).
<Cut-off time> (Време на исклучување)
Во менито <Cut-off time> (Време на исклучување)
можете да поставите одредени временски интервали, по
кои мерниот уред треба автоматски да се исклучи, ако не
се прават мерења или поставки. Фабрички е поставено
<5 min> (5 min).
<Display illumination> (Oсветленост на екранот)
Во менито <Display illumination> (Oсветленост на
екранот) можете да поставите временски интервал, во
кој екранот  (16) ќе биде осветлен. Фабрички е
поставено <30 sec> (30 sec).
<Brightness> (Осветленост)
Во менито <Brightness> (Осветленост) можете да го
поставите степенот на осветленост на екранот. Фабрички
е поставено <Max> (Максимум)
1 609 92A 4G0 | (22.08.2018)
<Tone signal> (Звучни сигнали)
Во менито <Tone signal> (Звучни сигнали) можете да
поставите кога мерниот уред да даде звучен сигнал, под
услов да не сте го исклучиле со копчето Звучен
сигнал (13).
– Фабрички е поставено <Wallobjects> (Ѕидни
објекти): звучен сигнал има при секое притискање на
копчиња и секогаш кога под подрачјето на сензорот се
наоѓа ѕиден објект. Дополнително кај спроводниците
под напон се дава предупредувачки сигнал со кратка
звучна секвенца.
– При поставката <Live wire> (Струен кабел) се дава
звучен сигнал при секое притискање на копчиња и
предупредувачки сигнал за спроводници под напон
(кратка звучна секвенца), ако мерниот уред покажува
струен кабел.
– При поставката <Keyclick> (Кликнување на
копчињата) се дава звучен сигнал само при едно
притискање на копче.
<Defaultmode> (Стандарден режим)
Во менито <Defaultmode> (Стандарден режим) можете
да го поставите режимот на работа, кој по вклучување на
мерниот уред ќе биде стандарден. Фабрички е поставен
режимот на работа <Universal mode> (Универзален
режим).
Мени Дополнителни поставки
За да го отворите менито Дополнителни поставки,
притиснете, само кај исклучен мерен уред, истовремено
на копчето за подесување (14) и копчето за вклучување-
исклучување (15).
За да го напуштите менито, притиснете на копчето за
старт (11). Се активира стандардниот екран за
прикажување за мерниот процес и се преземаат
поставките.
Навигирање во менито
Притиснете на копчето за подесување (14), за да лизгате
надолу.
Притиснете на копчињата за избор (10) и (12), за да ги
изберете вредностите:
– Со копчето за избор (10) ја избирате десната одн.
следната вредност.
– Со копчето за избор (12) ја избирате левата одн.
претходната вредност.
<Device Info> (Информации за уредот)
Во менито <Device Info> (Информации за уредот) се
даваат информации за мерниот уред, на пр. за
<Operation Time> (Работни часови).
Во менито <Restore Settings> (Враќање на поставките)
можете да вршите враќање на фабричките поставки.
Примери за мерни резултати
Напомена: Во следните примери на мерниот уред е
вклучен звучниот сигнал.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido