Во зависност од големината и длабочината на објектите,
коишто се наоѓаат под полето на сензорот, не секогаш
може со сигурност да се утврди дали овој објект е под
напон. Во овој случај се појавува ознаката
приказот (n).
Електричен кабел под напон (види слика C)
Во полето на сензорот се наоѓа метален објект под напон,
на пр. електричен кабел. Дозволената длабочина на
дупчење изнесува 1,5 cm. Мерниот уред испраќа
предупредувачки сигнал за спроводници под напон
веднаш штом сензорот ќе препознае електричен кабел.
Железна прачка (види слика D)
Во подрачјето на сензорот се наоѓа магнетен објект, на
пр. железна прачка. Во неговата лева и десна страна се
наоѓаат други објекти надвор од подрачјето на сензорот.
Дозволената длабочина на дупчење изнесува 8,8 cm.
Мерниот уред испраќа звучен сигнал.
Бакарна цевка (види слика E)
Во подрачјето на сензорот се наоѓа метален објект, на пр.
бакарна цевка. Дозволената длабочина на дупчење
изнесува 4 cm. Мерниот уред испраќа звучен сигнал.
Дефект – Причини и помош
Грешка
Мерниот уред не може да се
вклучи.
Мерниот уред е вклучен и не
реагира.
Приказ на екранот: <Slipping
Wheel> (Лизгачко тркало)
Приказ на екранот:
<Speeding> (Забрзување)
<Temperature over range> (Температурата е
надмината)
<Temperature under range> (Температурата не
е достигната)
<Strong radio signal detected> (Детектиран е
силен радио сигнал)
Bosch Power Tools
Пластичен или дрвен објект (види слика F)
Во полето на сензорот се наоѓа неметален објект. Се
работи за пластичен или дрвен објект блиску до
?
на
површината. Мерниот уред испраќа звучен сигнал.
Широка површина (види слика G)
Во подрачјето на сензорот се наоѓа метална, проширена
површина, на пр. метална плоча. Дозволената длабочина
на дупчење изнесува 2 cm. Мерниот уред испраќа звучен
сигнал.
Многу нејасни сигнали (види слики H–I)
Ако на стандардниот екран за прикажување се
прикажуваат многу објекти, ѕидот веројатно има многу
шуплини (шупливи блокови). Преминете во режимот на
работа <Hollow block> (Шупливи цигли), за да се
затскријат шуплини. Ако и понатаму се покажуваат
премногу објекти, морате да спроведете повеќе мерења
со поместување по висина и прикажаните објекти да ги
означите на ѕидот. Поместените ознаки укажуваат за
шуплини, ознаките во една линија укажуваат на објект.
Причина
Празни батерии
Вметнати се батерии со
погрешен пол
Мерниот уред е премногу
топол или ладен
Тркалото го губи контактот со
ѕидот.
Мерниот уред се движи со
преголема брзина
Помош
Менување на батериите
Проверка на точната положба на батериите
Извадете ги батериите и повторно ставете ги
Почекајте, додека не се постигне дозволената
температурна граница
Притиснете го копчето за старт (11) и при движење
на мерниот уред внимавајте на контактот со ѕидот со
двете долни тркала; кај нерамни ѕидови поставете
тенок картон меѓу двете тркала и ѕидот
Притиснете го копчето за старт (11) и движете го
мерниот уред полека по ѕидот
Почекајте, додека не се постигне дозволената
температурна граница
Почекајте, додека не се постигне дозволената
температурна граница
Мерниот уред автоматски се исклучува. Доколку е
возможно, отстранете ги радиобрановите коишто ги
предизвикуваат пречките, на пр. WLAN, UMTS, радар
за воздухопловство, телекомуникациски кули или
микробранови и повторно вклучете го мерниот уред.
1 609 92A 4G0 | (22.08.2018)
Македонски | 179