е погоден за надворешна употреба го намалува
ризикот од електричен шок.
f.
Ако работењето со електричен алат на влажна
локација не може да се избегне, користете
oосигурувач со диференцијална струјна заштита
(RCD - residual current device). Користењето
осигурувач со диференцијална струјна заштита
при дефект го намалува ризикот од електричен
шок.
ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
a. Бидете внимателни, внимавајте што правите
и користете здрав разум додека ракувате со
електрични алат. Не користете електричен алат
ако сте уморни или под влијание на дрога,
алкохол или лекарства. Само еден момент на
невнимание додека ракувате со електричен алат
може да доведе до сериозни телесни повреди.
b. Користете опрема за лична заштита. Секогаш
носете заштита за очите. Заштитната опрема,
како на пр. маска против прашина, нелизгачки
заштитни чевли, заштитен шлем или заштита
за ушите, која се користи во соодветни услови, ќе
ја намали можноста од повреди на лицата.
c. Избегнувајте случајно вклучување. Уверете се
дека прекинувачот е во исклучена положба „off"
пред да го приклучите на електрична мрежа и/
или батерија. Носењето на електричниот алат
со прстот на прекинувачот или приклучувањето
на електричниот алат додека прекинувачот е во
положба „on" може да предизвика несреќа.
d. Отстранете ги сите средства за подесување и
сите клучеви пред да го вклучите електричниот
алат. Ако оставите клуч или средство за
подесување прикачени на некој ротационен дел од
електричниот алат, тоа може доведе до телесна
повреда.
e. Не пресегнувајте се премногу. За сето време
одржувајте стабилна положба и рамнотежа.
Тоа Ви овозможува подобра контрола над
електричниот алат во неочекувани ситуации.
f.
Носете прописна облека. Немојте да носите
широка облека или накит. Косата, облеката
и нараквиците држете ги понастрана од
подвижните делови. Широката облека, накитот
или долгата коса можат да се заплеткаат меѓу
подвижните делови.
g. Ако на уредите е прикачен вшмукувач на
прашина, проверете дали се добро споени
и дали правилно се користат. Користењето
собирач на прашина може да ги намали
опасностите предизвикани од прашина.
КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ
АЛАТ
a. Немојте да го форсирате електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат кој е
потребен за Вашата дадена ситуација. Со
соодветниот електричен алат подобро и
побезбедно ќе ја завршите работата за која е
дизајниран.
b. Немојте да го користите електричниот алат
доколку не работи прекинувачот on/off.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со помош на прекинувач, е опасен и
мора да се поправи.
c. Исклучете ја приклучницата од штекерот и/
или батеријата од електричниот алат пред
да правите било какви подесувања, пред
да го менувате приборот или пред да го
одложите алатот. Ваквите превентивни мерки
на безбедност го смалуваат ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
d. Чувајте го алатот подалеку од дофатот на деца и
не дозволувајте им на лицата кои не се упатени
во алатот или во овие упатства да ракуваат со
алатот. Електричните алати можат да бидат
опасни во рацете на корисници кои не се обучени.
e. Одржувајте ги електричните алати. Проверете
дали спојните или подвижните делови се
добро нагодени, дали деловите се во исправна
состојба, и сите други услови кои би можеле
да влијаат врз работата со електричниот алат.
Ако алатот е оштетен, дајте го на поправка
пред повторната употреба. Многу несреќи биле
предизвикани од лошо одржуван електричен алат.
f.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Кога правилно се одржува алатот за сечење со
остри рабови за сечење, помала е веројатноста
тој да се заглави и полесно се контролира.
g. Електричниот алат, приборот и бургиите
користете ги во согласност со овие упатства,
земајќи ги предвид работните услови и работата
што треба да се заврши. Употребата на
електричниот алат за работи коишто тој не е
предвиден, може да предизвика опасни ситуации.
СЕРВИС
a. Вашиот електричен алат нека го сервисира
квалификуван сервисер со користење само
на идентични резервни делови. На овој начин
ќе се обезбеди одржување на сигурноста на
електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА СИТЕ
ВИДОВИ ОПЕРАЦИИ
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА КОИ СЕ
ВООБИЧАЕНИ ЗА БРУСЕЊЕ, ШМИРГЛАЊЕ,
ЧЕТКАЊЕ СО ЖИЦА, ПОЛИРАЊЕ, РЕЗБАЊЕ ИЛИ
АБРАЗИВНО СЕЧЕЊЕ
a. Овој електричен алат е наменет за употреба
при глодање, брусење, работење со жичена
четка, полирање или сечење. Прочитајте ги
сите безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации кои се приложени
со овој алат. Доколку не се почитуваат сите
долунаведени упатства, може да дојде до
електричен шок, пожар и/или сериозни повреди.
b. Не користете прибор кој не е специјално
дизајниран и препорачан од страна на
производителот на алатот. Самото тоа што
на Вашиот алат може да се приклучи прибор не
значи дека е осигурено и безбедно работење.
c. Номиналната брзина на приборот за брусење
мора да биде поголема или еднаква на
максималната брзина што е означена на алатот.
Приборот за брусење кој работи со брзина
поголема од неговата номинална брзина, може да
се скрши и да се разлета.
d. Надворешнот пречник и дебелината на
Вашиот прибор мора да бидат во рамките
на капацитетот на Вашиот електричен алат.
Приборот со неисправна големина не може да
соодветно да се контролира.
e. Големината на вретеното на шајбната, на
добошите за брусење или на кој и да е друг
прибор мора да се фаќа на вретеното или
стезната глава на електричниот алат. Приборот
кој не одговара на вретеното на електричниот
алат ќе се врти ексцентрично, додатно ќе
177