► Smart Connector-от чувајте го од
хемикалии и соли.
■ Од оштетена батерија може да
истече течност. Ако течноста дојде
во допир со кожата или со очите,
можно е да предизвика
надразнување на кожата или на
очите.
► Избегнете допир со течноста.
► При допир со кожата: Погодените
места на кожата измијте ги со
многу вода и сапун.
► При допир со очите: Очите
плакнете ги најмалку 15 минути
со многу вода и побарајте
лекарска помош.
■ Ако дојде до голтање на
копчестата батерија, тоа во рок од
2 часа може да предизвика тешки
повреди или смрт од внатрешни
изгореници и перфорација на
хранопроводот.
► Батеријата и Smart
Connector-от чувајте ги
надвор од дофатот на деца
и на други неовластени
лица.
► Капакот на Smart
Connector-от секогаш мора
да биде цврсто затворен.
Ако капакот не може да се
затвори, извадете ја
батеријата и заменете го
Smart Connector-от.
► Ако дојде до голтање на
копчестата батерија: Не
предизвикувајте
повраќање. Тоа може да
доведе до заглавување на
батеријата во
хранопроводот. Веднаш
побарајте лекарска помош.
■ Наводно целосно испразнета
батерија сè уште може да
обезбеди опасна струја со краток
спој или може да истекува. Луѓе
0457-399-0007-B. VA1.E21.
може да бидат тешко повредени и
можна е материјална штета.
► Запазете ги сите законски
прописи во врска со
згрижувањето. Веднаш згрижете
ги испразнетите батерии. Не
отворајте ги и не фрлајте ги во
оган.Не отворајте ги и не фрлајте
ги во оган.
Подготовка за примена
Smart Connector-от може да се
прицврсти само на одредени
производи. Во зависност од
производот, Smart Connector-от мора
да се прицврсти на одредено место.
Smart Connector-от може да се
прицврсти на следниве начини:
– со лепливата лента на неговата
задна страна
– со 2 приложени завртки и
подлошки
– со 2 стеги за кабли
– со 2 слепи нитни од алуминиум, со
пречник од 3 mm и должина
соодветна за дадениот производ.
Мора да се изврши пред-дупчење
со сврдел со пречник од 3,5 mm од
внатрешната страна на куќиштето.
STIHL препорачува прицврстувањето
со приложените завртки, стеги за
кабли или со слепи нитни да го
изврши специјализиран продавач на
STIHL.
Доколку Smart Connector-от се
прицврстува на туѓ производ, STIHL
препорачува Smart Connector-от да
биде прицврстен со леплива лента на
неговата задна страна.
Услов за детекцијата на оперативното
време е наизменично
електромагнетно поле на растојание
од прибл. 10 cm. Наизменичното
електромагнетно поле го создаваат
131