Спречете портата за полнач и малиот крај на
полначот да дојдат во контакт со спроводливи
материјали, како што се: течности, прав, метален
прав и графит. Не допирајте ја портата на полначот со
остри алати и не предизвикувајте удари врз портата
на полначот
Проводливите материјали може да предизвикаат
краток спој или корозија на терминалите, што може да
резултира со експлозија или пожар.
Кога користите безжичен полнач, меѓу уредот и
безжичниот полнач не ставајте други тела, како на
пример метални предмети, магнети и картички со
магнетна лента
Уредот може да не се полни правилно или да се
презагрее.
Не гризете ги и не шмукајте ги уредот или батеријата
• Во спротивно може да дојде до оштетување на уредот,
или до експлозија или пожар.
• Децата или животните може да се задушат со ситните
делови.
• Ако уредот го користат деца, уверете се дека правилно
го користат.
Не ставајте го уредот или испорачаниот
дополнителен прибор во очите, ушите или устата
Во тој случај може да дојде до гушење или сериозни
повреди.
Не употребувајте оштетена или Литиум-јонска (Li-Ion)
батерија што истекува
За безбедно фрлање во отпад на Вашата литиум-јонска
батерија, контактирајте го Вашиот најблизок овластен
сервисен центар.
Македонски
456