Избегнувајте контакт со уредот кога се презагреал.
Во спротивно, тоа може да предизивка изгореници
од ниска температура, црвенило и пигментација на
кожата
• Внимавајте на презагревање на уредот кога го
користите подолго време и избегнувајте долготраен
контакт со кожата.
• Не седете на уредот и не ставајте го во директен
контакт со кожата подолго време кога се полни или
кога е поврзан со извор на напојување.
• Толеранцијата на високи температури е различна кај
секого. Ве молиме, бидете особено внимателни кога
го користат деца, постари лица или лица со посебни
потреби.
Заштитете ги Вашиот слух и уши кога ги користите
малите ушни слушалки
• Прекумерното изложување на гласни звуци може да
предивика оштетување на слухот.
• Слушањето со висока јачина на тонот може да го
оттргне Вашето внимание и да предизвика несреќа.
• Секогаш намалувајте ја јачината на тонот пред да
ги користите малите ушни слушалки и користете го
само нагодувањето за минимална јачина на тон што е
неопходна да го слушате Вашиот разговор или музика.
• Може да се јави инфекција на ушите ако малите
ушни слушалки дојдат во контакт со туѓи тела и ги
носите долго време. Одржувајте ги Вашите мали ушни
слушалки чисти и суви.
Македонски
463