македонски
4.3
Работење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Кога моторот работи, се создаваат издувни гасови.
Вдишување на издувни гасови може да
предизвика труење.
► Не вдишувајте издувни гасови.
► Работете на добро проветрено место.
► Ако чувствувате гадење, главоболка, нарушување
на видот, нарушување на слухот или вртоглавица:
Престанете да работите и отидете на лекар.
■ По гасење, моторот може да биде жежок.
Луѓето може да се изгорат.
► Пред чистење, почекајте моторот да се олади.
■ Ако корисникот носи заштита за слухот кога моторот
работи, тој може да ги слуша и проценува звуците во
ограничен степен.
► Работете смирено и внимателно.
■ Ако моторот се изгаси при големи вртежи, тоа може да
предизвика задушување или пост-палење.
► Оставете го моторот да работи со минимална
брзина 20 секунди пред да го исклучите.
5 Подготовка на моторот за употреба
5.1
Полнење на моторот со гориво
Моторот со внатрешно согорување е одобрен за
безоловен бензин. Безоловниот бензин гори со помалку
остатоци, ги намалува наслагите на свеќичката и го
272
5 Подготовка на моторот за употреба
продолжува векот на траење на уредот за издувни
гасови. Бензинот мора да ги исполнува следниве услови:
– Бензинот мора да биде свеж, чист и безоловен.
– Октанскиот број на бензинот мора да биде најмалку
85.
– Бензинот мора да има максимална содржина на
етанол од 10% (E10).
STIHL го препорачува STIHL MotoPlus. Ова гориво е
речиси без бензен, сулфур и аромати кои се штетни за
здравјето.
Капацитетот на резервоарот е 0,9 литри.
ВНИМАНИЕ
■ Ставање погрешно гориво во моторот може да го
оштети.
STIHL препорачува секогаш да користите свеж
брендиран бензин, никогаш мешавина на две состојки
(бензин со нафтен адитив).
Не ставајте застоен или загаден бензин.
Избегнувајте загадување на содржината на бензинот со
нечистотија или вода.
Користете само одобрен бензин (не E85).
Во случај на звуци на тропање или ѕвонење, сменете го
брендот на бензинот.
► По потреба, контактирајте со овластен дистрибутер,
STIHL го препорачува овластениот дистрибутер на
STIHL.
► Изгасете го моторот.
► Ставете го уредот STIHL на рамна површина.
► Со влажна крпа исчистете ја областа околу капачето
на резервоарот за гориво.
0478-983-9912-A