OBJ_BUCH-783-008.book Page 266 Monday, May 15, 2017 2:42 PM
266 | Македонски
за верзија на уредот со подножје:
PTS 10 T, PTS 100 T:
– Подножје 67
(12 профили, 4 отсекувања)
– Сет за прицврстување „подножје " 66
(24 завртки со навртки за монтажа, 4 завртки со
навртки за прицврстување на електричниот уред, 4
подлошки)
Напомена: Проверете дали електричниот апарат има
оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот апарат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат,
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена сервисна
работилница.
Прво ставање во употреба
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од
испорачаната опрема.
– Внимавајте на тоа да ја отстраните амбалажата под
блокот на моторот.
Дополнително потребни алати кон испорачаните
материјали:
– Крстест одвртувач
– Аголник
– Прстенест или вилушкаст клуч (13 mm)
за монтажа на подножјето
Редослед на монтажата
Заради олеснување на работата почитувајте го
редоследот на монтажа на испорачаните елементи на
уредот.
1. Монтажа од долу
– Црево за вшмукување 33
– Подна плоча 34 со претходно монтирани завртки со
крстест жлеб
2. Монтажа од горе
– Клин за расцепување4
– Продолжеток за масата 2
– Аголен граничник 16 и дополнителен граничник 18
– Паралелен граничник 8 и дополнителен граничник 7
Монтажа од долу
– Свртете го електричниот апарат, така што истиот ќе
стои на масата за пилата 11.
Монтирање на цревото за вшмукување (види слика a)
– Поврзете го исфрлувачот на струготини на куќиштето
на листот за пилата и исфрлувачот на струготини 31 на
куќиштето на уредот со цревото за вшмукување 33.
1 609 92A 3VE | (15.5.17)
Монтирање на подната плоча (види слика b)
– Ставете ја подната плоча 34 во соодветните отвори,
така што завртките со крстест жлеб ќе посегнуваат во
отворите на куќиштето.
– Прицврстете ја подната плоча, така што цврсто ќе ги
затегнете завртките со крстест жлеб.
Монтажа од горе
– Свртете го електричниот уред, така што повторно ќе
стои во правилна позиција за работа.
Монтирање на клинот за расцепување
(погледнете ги сликите c1–c3)
– Со прстенестиот клуч 17 подигнете ја плочата за
вметнување 3 од предната страна и извадете ја од
отворите 36.
– Свртете ја курблата 12 во правец спротивен на
стрелките на часовникот до крај, така што листот за
пилата 37 ќе се наоѓа во што е можно повисока
положба над масата за пилата.
– За да го навалите листот за пилата 37 олабавете го
копчето за блокада 29.
– Ставете го клинот за расцепување 4 со соодветните
отвори на болцните за прифат на држачот 38.
– Прицврстете го клинот за расцепување 4 на држачот
38, така што ќе ја затегнете завртката со шестаголна
глава 35 со прстенестиот клуч 17 (13 mm).
– Повторно поставете го листот за пилата на 90° и
стегнете го копчето за блокада 29. (види и
„Подесување на вертикалниот агол на закосување",
страна 269)
Напомена: Клинот за расцепување мора да биде во права
линија со листот за пилата, за да се избегне заглавување
на делот што се обработува.
– На крај повторно монтирајте ја плочата за вметнување
3.
Закачете ја плочата за вметнување во отворите 36 и
притиснете ја надолу додека не се вклопи во масата за
пилата.
– Затегнете ги навртките на заштитната хауба со
прстенестиот клуч 17 (13 mm), така што заштитната
хауба ќе стои сама во секоја поставена позиција.
Монтирање на продолжетокот за масата
(погледнете ги сликите d1–d2)
При монтажата користете го сетот за прицврстување за
„продолжетокот за масата " 39. (2 водилки, 2 завртки за
обезбедување, 2 клипа, 2 кратки копчиња за
прицврстување)
– Притиснете ги двете водилки до крај со отворот со навој
нанапред во соодветните отвори на продолжетокот за
масата 2.
– Завртете го гумениот одбојник 40 на продолжетокот на
масата.
– Ставете ги клиповите за фиксирање во отворите на
водилките.
– На крај ставете го продолжетокот за масата со двете
водилки во соодветните држачи под масата за пилата.
Bosch Power Tools