OBJ_BUCH-783-008.book Page 268 Monday, May 15, 2017 2:42 PM
268 | Македонски
– Прицврстете го подножјето 67. Цврсто затегнете ги
завртките.
– Прицврстете го електричниот апарат на површината на
налегнување на подножјето. За оваа цел се предвидени
отворите 20 на електричниот апарат, како и
издолжените отвори на подножјето.
Менување на листови за пилата
(види слики i1– i4)
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи
прекумерно загревање на запците на пилата за време на
сечењето.
Вадење на листот од пилата
– Со прстенестиот клуч 17 подигнете ја плочата за
вметнување 3 од предната страна и извадете ја од
отворите 36.
– Свртете ја курблата 12 во правец спротивен на
стрелките на часовникот до крај, така што листот за
пилата 37 ќе се наоѓа во што е можно повисока
положба над масата за пилата.
– Завртете ја затегнувачката навртка 48 со прстенестиот
клуч 17 (23 mm) и истовремено затегнете го лостот за
блокада на вретеното 47 додека не се вклопи.
– Држете го стегнат лостот за блокада на вретеното и
завртете ја затегнувачката навртка во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
– Извадете ја стезната прирабница 49.
– Извадете го листот за пилата 37.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете нов лист за пила на приклучната прирабница
50 на вретеното на алатот 51.
Напомена: Не користете премали листови за пила.
Процепот помеѓу листот за пилата и клинот за
расцепување смее да изнесува максимум 5 mm.
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Поставете ги затегнувачката прирабница 49 и
затегнувачката навртка 48.
1 609 92A 3VE | (15.5.17)
– Завртете ја затегнувачката навртка 48 со прстенестиот
клуч 17 (23 mm) и истовремено затегнете го лостот за
блокада на вретеното 47 додека не се вклопи.
– Затегнете ја затегнувачката навртка во правец на
стрелките на часовникот.
– Повторно ставете ја плочата за вметнување 3. (види
слика c3)
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортна и работна позиција на листот за
пилата
Позиција за транспорт
– Свртете ја курблата 12 во правец на стрелките на
часовникот, додека запците на листот на пилата 37 не
се најдат под масата за пилата 11.
Работна позиција
– Подигнете го или спуштете го листот за пилата со
курблата 12 нагоре или надолу, така што горните запци
на пилата ќе стојат околу 5 mm над горната површина
на делот што се обработува.
Напомена: Осигурете се дека заштитната хауба е
правилно позиционирана. При сечењето, таа секогаш
мора да биде на делот што се обработува.
Зголемување на масата за пила
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Продолжување/проширување на масата
(види слика A)
За зголемување на површината на масата за пила може да
ги извлечете следните шини, како од задната страна така и
од десната страна на електричниот апарат
продолжеток за масата 2 (ја продолжува масата за
пилата 11 наназад за 215 mm)
и/или
проширување на масата 10 (ја проширува масата за
пилата11 на десно за 285 mm)
– Фатете ја средината под соодветната шина и извлечете
ја максимално до крај.
– За фиксирање на позицијата затегнете ги соодветните
копчиња за прицврстување (23 или 26) на водилките.
Доколку е потребно, ставете потпора за шините кај
тешките делови за обработка.
Подвижен лизгач (види слика B)
Со помош на подвижниот лизгач 1 може да се сечат
парчиња со максимална ширина до 350 mm.
Истовремено се постигнува поголема прецизност при
сечењето со користењето на аголен граничник 16. (види
„Сечење на хоризонтални агли на закосување со помош на
подвижните лизгачи", страна 270)
Bosch Power Tools