сечило од пилата да се крене и да излезе од обработуваното
парче кон оној кој работи.кога сечилото е откршено или цврсто
завиткано од ...затворањето, запците на сечилото и реакцијата
на моторот ја турка брзо назад кон оној кој работи со неа.
доколку сечилото се извитка или се измести во сечењето,
забецот на надворешниот раб на сечилото може да се зарие
во горната површина на дрвото правејќи сечилото да излезе
од лежиште и да скокне кон оној кој работи.Повратниот
ефект е резултат на неправилна употреба на пилата
и/или некоректни работни процедури или услови и
може да биде избегнат со превземање на соодветни
претпазливи постапки наведени подолу.Држете цврсто
со двете раце кои се поставени да пружат отпор при
повратен удар. Поставете го вашето тело од било која
страна на сечилото, но не во негова линија. Повратниот
удар може да предизвика пилата да потскокне наназад, но
јачината на повратниот удар може да биде контролирана
од операторот доколку се преземени соодветни мерки на
претпазливост.
Кога сечилото се свиткало, или прекин на сечењето
од било која причина, ослободете го прекинувачот и
држете го ножот во материјалот без да делувате, се
Mak
додека не дојде до потполно запирање на сечилото.
Никогаш не се обидувајте да ја тргнете пилата или да ја
повлечете наназед додека сечилото се движи или може
да се појави повратен удар.Испитајте ги и преземете
корективни чекори за да ја елиминирате причината за
свиткување на сечилото.По рестартирање на пилата
во обарботуваното парче, центрирајте го сечилото на
пилата во крвината и проверете запците на пилата да не
се навлезени во материјалот. Доколку сечилото на пилата е
свиткано, може да тргне нагоре или да излезе од обработуваното
парче, кога таа ќе се стартува.
Потпирајте ги големите панели како би го минимизирале
ризикот од свиткување на сечилото и повратен удар.Големите
панели имаат тенденција да се свиткаат под сопствената
тежина. Мора да биде поставена потпора под панелот од двете
страни, блиску до линијата на сечење и блиску до работ на
панелот.
Не користете отапени или оштетени сечила. Ненаострните
или не соодветно поставените сечила создаваат остра кривина
која предизвикува интензивно триење, виткање на сечилото и
повратен удар.
Длабочината на сечилото и прилагодливиот заклучувач
на рачката мора да биде стегнат и обезбеден пред да
се сече. Доколку се промени подесувањето за време на
сечењето може да дојде со свиткување иповратен удар.
Бидете екстремно претпазливи при рез со забодување
во постоечки ѕидови или други армирани површини. Ако
сечилото на пилата дојде во контакт со предмети скриени под
површината, може да ги блокира и да предизвика повратен
удар.
Функција на долниот заштитен поклопец
Провререте ја долната заштита дали е соодветно затворена
пред секоја употреба. Не работете со пилата доколку долната
заштита не се движи слободно и не се затвора моментално.
Никогаш не ја затегнувајте ниту врзувајте долната заштита
во отворена позиција. Доколку пилата падне ненамерно,
долната заштита може да се свитка. Кренете ја долната
заштита со повлекување на рачката и осигурете се дека
се движи слободно не допирајќи до сечилото или било
кој друг дел под било кој агол и длабочина на засек.
Проверете го функционирањето на федерот на долната
Македонски
90
заштита. Доколку заштитата и федерот не се отвораат
соодветно, мора пред употреба да бидат сервисирани.
Долната заштита може да функционира тромо поради
оштетените делови, лепливи остатоци или насобрани делчиња.
Долната заштита треба да биде рачно повлечена само
при специјални резови како ,,резови со забодување,,
или ,,сложени резови,,. Кренете ја долната заштита со
повлекување на рачката веднаш штом сечилото влезе во
материјалот, долната заштита мора да биде отпуштена.
При секое друго сечење, долната заштита мора да работи
автоматски.
Секогаш гледајте долната заштита да го покрива
сечилото пред пилата да ја спуштите на маса или под.
Незаштитено лизгање на сечилото ќе предизвика пилата да
тргне наназад, сечејќи се што ќе се најде на патот. Бидете
свесни за потребното време за кое сечилото престанува да
работи, по ослободувањето на прекинувачот.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да
предизвика губење на сетилото за слух.
Секогаш носете ракавици кога ја користите машината. Исто
така препорачливо е да се носат очила, цврсти чевли кои не се
лизгаат и престилка.
Прашината која се крева при работа со овој алат може да
биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го
телото. Користете систем за апсорпција на прашината и
носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно
наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Не користете сечила кои не одговараат напропишаните
параметри дадени во овој прирачник за употреба.
Ве молиме не користете абразивни дискови-шмиргли на оваа
машина!
Не го фиксирајте прекинувачот во позиција он-вклучено кога ја
користите пилата држејжи ја со рака.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Со прилагодена брзина на движењето напред, избегнете го
прегревањето на забчаниците.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон
наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на
приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува
на безбедност од 2 класа.
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за
струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво
машината е исклучена.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до
отворите за вентилација-ризик од куршлус!
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната
површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
Пред употреба проверете ја машината, кабелот и приклучокот
од било какви оштетувања или замор на материјалот.
Поправките треба да бидат спроведувани исклучиво од
овластени сервисери.