за да избегнете тие да предизвикаат потешкотии
при подоцнежно палење заради исушување.
Во случај на страничен испуст: треба
да фо извадите дефлекторот на испустот
(ако е поставен - пасус 6.1.2c.)
• Лакот од внатрешниот дел на куќиштето може да
отпадне заради абразивното дејство на покосената
трева. Во тој случај, треба спремно да интервенирате
со премачкување лак против 'рѓосување за да се
спречи создавање 'рѓа која го кородира металот.
• Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација
се ослободени од остатоци од косењето.
• Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на
моторот и на електричните делови (сл. 20).
• Не користете абразивни течности
за чистење на куќиштето.
• За намалување на ризикот од запалување, одржувајте
ги тревокосачката и машината, а особено моторот
од остатоци од трева, листови и прекумерно масло.
7.3.2
Чистење на вреќата
1.
Испразнете ја вреќата за собирање,
2.
протресете ја за да ги исчистете
остатоците тревата и земјата,
3.
исперете и исплакнете ја и оставете
ја да се исуши бргу.
7.3.3
Чистење на филтерот за воздух
Елементот со филтерот треба секогаш да се
одржува правилно и добро исчистен и треба
да се замени ако е изабен или оштетен.
Постапете како што следи:
1.
исчистете ја зоната околу решетката
на филтерот за воздух,
2.
извадете ја решетката (сл.21.A)
одвртувајќи ги шрафовите (сл.21.B);
3.
извадете го елементот со филтерот (сл. 22.C);
4.
издувајте го филтерот за да ги отстраните
нечистотијата и остатоците. Ако на него
остане нечистотија, исперете го филтерот во
вода и исушете го со чиста крпа (сл. 22.C).
ВАЖНО Не користете бензин, детергент
или друго за чистење на филтерот.
исчистете го однадвор местото за филтерот
5.
од нечистотии, остатоци и ѓубре,
6.
поставете го елементот со филтерот на место
(уверете се дека е добро исушен) (сл. 22.A);
7.
поставете ја решетката (сл.21.A)
затегнувајќи ги шрафовите (сл.21.B).
7.4
НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ
• Сите завртки, навртки и лостови одржувајте
ги соодветно зацврстени за да сте сигурни
дека косачката е безбедна за работа.
8.
ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
8.1
УРЕД СО СЕЧИВОТО
Уредот со сечивото не е доволно наострен и ја
кине тревата така што тревникот пожолтува.
Не допирајте го уредот со сечивото
аконе сте го извадиле клучот и ако уредот
со сечивото не е застанат докрај.
Сите операции што се поврзани со уредот
со сечивото (вадење, острење, изедначување,
поправка, повторно ставање и/или замена) се
одговорни работи и изискуваат специфична
компетентност покрај соодветни алати. Од
безбедносни причини, истите треба секогаш да
ги извршува специјализиран сервисен центар.
Заменувајте го секогаш уредот со
сечивото ако е оштетен, изабен или
истрошен, заедно со соодветните шрафови
за да ја одржите рамнотежата.
ВАЖНО Секогаш користете оригинални уреди со
сечива, дадени со код во табелата "Технички податоци".
Заради развојот на производот, уредите со сечивото
наведени во табелата "Технички податоци" треба
со време да се заменат со други со соодветни
карактеристики за замена и функционална безбедност.
8.2
РЕГУЛАЦИЈА НА ПОГОНОТ
(САМО КАЈ СЕРИЈАТАCR/CS)
Правилната затегнатост на ремените се
постигнува со навртката (сл. 23.A), сè додека
не се постигне посочената мерка (6 мм).
9.
ОДЛОЖУВАЊЕ
9.1
ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА
Кога машината треба да се одложи:
1.
Оставете го моторот да се излади
2.
Извадете го безбедносниот клуч.
3.
Исчистете ја темелно машината.
4.
Проверете дали на машината има
оштетувања. Ако е потребно, контактирајте
со овластен сервисен центар.
5.
Одложете ја машината:
– во сува просторија
– и засолната од лоши временски услови,
– по можност покриена со прекривка
– и на место надвор од дофатот на децата,
– уверувајќи дека сте ги тргнале клучевите и
опремата што ја користевте при одржувањето.
MK - 10