Напомени За Преместување И Транспорт; Напомени За Монтажа - LG GBB548BLCZH El Manual Del Propietario

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 133
МОНТАЖА
Напомени за преместување и
транспорт
• Извадете ја целокупната храна од
внатрешноста на апаратот. Потоа,
транспортирајте го апаратот само откако сте ги
фиксирале кршливите делови, како на пример
полиците и рачката на вратата со самолеплива
лента. Во спротивно, може да дојде до
оштетување на апаратот.
• Извадете го приклучокот за струја, вметнете го
и фиксирајте го во куката за приклучокот на
задната страна или на горниот дел од
апаратот. Во спротивно, може да дојде до
оштетување на приклучокот или гребење на
подот.
• Апаратот треба да го транспортираат
внимателно повеќе од две лица. Испуштањето
на апаратот, кој е навистина многу тежок, може
да предизвика телесна повреда или дефект во
апаратот.
• При транспорт на апаратот на подалечно
растојание, држете го апаратот во исправена
положба. Апаратот може да се навали и да
предизвика дефект. Никогаш не
транспортирајте го апаратот легнат затоа што
тоа може да предизвика дефект во
циркулирањето на средството за ладење кога
повторно ќе се исправи.
Напомени за монтажа
• Монтирајте го производот на цврста и рамна
површина.
− Ако производот е монтиран на нерамен под,
може да предизвика вибрација и бучава, што
пак може да доведе до паѓање на апаратот и
повреда. Исто така може да предизвика
вратите да не се затвораат правилно и да
навлезе влага во внатрешноста на единицата
за време на работењето.
− Ако предниот или задниот дел на апаратот
не е израмнет, регулирајте ги предните
ногалки за да ја коригирате положбата. При
полоши ситуации, можеби ќе биде потребно
подот да се коригира со тенки дрвени ленти.
• Избегнувајте монтирање на производот во
близина на извори на топлина, директна
сончева светлина или влага.
• Поврзете го кабелот за струја (или
приклучокот) со штекерот. Не приклучувајте
други апарати на истиот штекер.
• По поврзување на кабелот за струја (или
приклучокот) со извор на струја, почекајте 2-3
часа пред да ставите храна во апаратот. Ако
додадете храна пред целосно да се излади,
храната може да се расипе.
• Моделите со рачки треба да бидат оддалечени
барем 55 mm од ѕидот на страната на шарките
за да може вратата да се отвора под агол од
90°.
• Оставете растојание од 55 mm од левата,
десната, задната и горната страна при
монтирањето.
• По инсталирањето на апаратот, поврзете го
приклучокот за струја во штекерот. Пред да го
поместите или отфрлите апаратот, исклучете
го приклучокот за струја од штекерот.
МК
13

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido