РАБОТЕЊЕ
Напомени за работењето
• Не користете го резервоарот на диспензерот
за ладна вода за пијалаци освен за вода за
пиење.
• Корисниците треба да имаат предвид дека
може да се формира мраз ако вратата не е
целосно затворена, ако влажноста е многу
висока во текот на летото или ако вратата на
замрзнувачот се отвора многу често.
• Погрижете се да има доволно простор меѓу
храната што се чува на полицата и корпата на
вратата за да овозможите вратата целосно да
се затвора.
• Отворањето на вратата овозможува
навлегување топол воздух во апаратот и може
да предизвика покачување на внатрешната
температура.
• Не отворајте ја и не затворајте ја вратата на
апаратот прекумерно.
• LED светилката е наменета само за уптореба
во апарати за домаќинство и не е погодна за
осветлување на простории.
• Ако го оставите апаратот исклучен подолго
време, отстранете ја сета храна и извлечете го
кабелот за напојување. Исчистете ја
внатрешноста и оставете ги вратите малку
подотворени, за да се спречи појавата на
мувла во апаратот.
Предлози за заштеда на енергија
• Погрижете се да има доволно простор меѓу
храната што се чува. Ова овозможува ладниот
воздух да циркулира рамномерно, а со тоа и
сметките за струја да бидат пониски.
• Топлата храна може да ја ставите во
фрижидер, само откако ќе се излади, за да
спречите формирање роса или мраз.
• Кога чувате некаков уред во замрзнувачот,
поставете ја температурата на замрзнувачот
пониска од температурата наведена на
апаратот.
• Не поставувајте ја температурата на апаратот
пониско од потребното. За правење мраз во
подрачја со нормална клима, температурите
на замрзнување треба да се постават на -19
°C или пониски.
• Не ставајте храна во близина на сензорот за
температура на фрижидерот. Растојанието од
сензорите треба да биде минимум 3 cm.
• Имајте предвид дека покачување на
температурата по одмрзнување има дозволен
опсег наведен во спецификациите на апаратот.
Ако сакате да го минимизирате влијанието што
ова може да го има врз чувањето храна
поради покачување на температурата,
запечатете ја или врзете ја ќесата со храна во
неколку слоеви.
• Системот за автоматско одмрзнување во
апаратот, осигурува дека одделот ќе остане
без создавање на мраз, во нормални работни
услови.
МК
15