1.
Користење на тркалцето за придушување.
Можете да го движите прстот по
тркалцето за прилагодување на нивото на
светлината (цртеж II).
2.
Однапред поставени вредности. Допрете
едно од трите копчиња на долниот дел
(цртеж II) за активирање на некоја од
трите однапред поставени вредности.
Првото овозможува светлински излез од
30%, второто од 70% и третото од 100%.
3.
Лично поставување. Креирајте лично
поставување преку избор на лампата
(цртеж IV), како што е објаснето во делот
"Креирање светлосни сцени".
4.
Исклучете ги лампите (притиснете на "0").
Сите поврзани LivingWhites лампи полека
ќе го придушуваат нивото на светлина
и целосно ќе се исклучат по 12 секунди.
Ова ви обезбедува доволно време да
ја напуштите собата. Ако повторно
притиснете "0", лампите веднаш ќе се
вклучат. Можете повторно да ги вклучите
сите лампи со притиснување на "I".
3. Избирање и прилагодување на
поединечните лампи (цртеж со далечински
управувач насочен кон светилката со лампа)
Можете да ги контролирате сите лампи
истовремено или да ја контролирате секоја
лампа поединечно.
За да контролирате лампа, треба да ја
изберете.
Можете да изберете лампа преку допирање
на копчињата ◄ или ► на далечинскиот
управувач. Откако ќе биде избрана, лампата ќе
засвети, а исто така ќе засвети и индикаторот
за светилка. Тоа значи дека сега ќе можете да
ја прилагодувате само таа лампа, наместо сите
лампи. На пример, ќе можете да ја придушите,
или да ја вклучите и исклучите како што е
опишано погоре.
4. Креирање светлосни сцени
Ако сакате да зачувате некое од вашите
лични поставувања заради лесно повикување,
притиснете и задржете на едно од копчињата
за сцена (цртеж IV), сè додека далечинскиот
управувач не емитува звучен сигнал. Вашата
сцена сега е зачувана под бројот кој сте го
притиснале.
Можете да продолжите со прилагодување на
лампите по ваша желба.
Кога ќе сакате да се вратите на некоја
зачувана сцена, само притиснете го копчето
кое сте го притиснале при нејзиното
зачувување (на пример, ':'). Индикаторот ':'
накратко ќе засвети за да покаже дека сцената
е избрана, и лампите ќе ги добијат зачуваните
параметри (цртеж II).
Можете да зачувате до 3 сцени (по една за
секое копче за сцена).
5. Поврзување на дополнителни лампи
со далечинскиот управувач од Philips
LivingWhites
Кон далечинскиот управувач од Philips
LivingWhites можете да поврзете други Philips
производи за осветлување, заради креирање
на сцени со богата осветленост. Постојат
бројни можности:
1.
Можете да поврзете повеќе Philips
LivingWhites светилки кои штедат
енергија со еден далечински управувач.
Приближете го далечинскиот управувач
до новата лампа; потоа притиснете и
задржете на копчето "I". Лампата ќе
засвети 3 пати. Задржете го копчето "I"
малку подолго додека лампата не засвети
двапати и додека далечинскиот управувач
не емитува звук. Сега можете да го
пуштите копчето "I". Лампата која сте ја
поврзале сега ќе може да се контролира
со далечинскиот управувач. Можете да
додадете до 50 лампи на еден Philips
далечински управувач.
2.
Исто така, можете да поврзете други
Philips LivingAmbiance производи
(LivingColors, лампи, светилки за
вметнување) кон далечинскиот
управувач од Philips LivingWhites. За да
додадете Philips LivingAmbiance лампа
кон далечинскиот управувач од Philips
LivingWhites, приближете го управувачот
до лампата и притиснете и задржете
на копчето "I" на ист начин како што е
опишано погоре.
82