OBJ_BUCH-757-008.book Page 255 Monday, March 24, 2014 11:19 AM
Македонски
Безбедносни напомени
Ротационен ласер
Сите упатства треба да се прочитаат и да
се внимава на нив, за да може безбедно и
без опасност да работите со мерниот
уред. Не ја оштетувајте ознаката за
предупредување на мерниот уред.
ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ
ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.
Внимание – доколку користите други уреди за
подесување и ракување освен овде наведените или
поинакви постапки, ова може да доведе до опасна
изложеност на зрачење.
Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат
од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на мерниот уред.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои
опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина. Мерниот уред создава
искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Не го отворајте пакувањето батерија. Постои
опасност од краток спој.
Заштитете го пакувањето батерија од топлина,
на пр. од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, вода и влага. Инаку, постои опасност
од експлозија.
Неупотребеното пакување батерија држете го
подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви,
железни пари, клинци, шрафови или други мали
метални предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
При погрешно користење, може да истече течноста
од пакувањето батерија. Избегнувајте контакт со
неа. Доколку случајно дојдете во контакт со
течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста
дојде во контакт со очите, побарајте лекарска
помош. Истечената течност од батеријата може да
предизвика кожни иритации или изгореници.
Bosch Power Tools
Полнете ги батериите само со полначи препорачани
од производителот. Доколку полначот кој е
прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Користете само оригинални Bosch батерии со напон
кој е наведен на спецификационата плочка на
Вашиот производ. При користење на други батерии,
на пр. имитации, истрошени батерии или непознати
производители, постои опасност од повреди како и
материјални штети доколку експлодира батеријата.
Не ја принесувајте целната табла за
ласерот 43 мерната плоча за плафони 44
во близина на пејс-мејкери. Магнетот
создава магнетно поле на целната табла за
ласерот и мерната плоча за плафони, кое
може да ја наруши функцијата на
пејсмејкерите.
Целната табла за ласерот 43 и мерната плоча за
плафони 44 држете ја подалеку од магнетски
носачи на податоци и уреди осетливи на магнет.
Поради влијанието на магнетите на целната табла на
ласерот и мерната плоча за плафони може да дојде до
неповратни загуби на податоците.
GRL 250 HV
Мерниот уред се испорачува со натпис за
предупредување (означено на приказот на мерниот
уред на графичката страна со број 20).
IEC 60825-1:2007-03
<1mW, 635 nm
Доколку текстот на налепницата за предупредување
не е на вашиот јазик, врз него залепете ја
налепницата на вашиот јазик пред првата употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак на
лица или животни и не погледнувајте
директно во него или неговата
рефлексија. Така може да ги заслепите
лицата, да предизвикате несреќи или да
ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот
мерен уред без надзор. Може да ги заслепат другите
лица поради невнимание.
Македонски | 255
1 609 92A 0D9 | (24.3.14)