ДЕЛУВАЊЕ ТОПЛИНСКИТЕ ПУМПИ
Кога е веќе котелот за топла вода со топлотната пумпа приклучен на
водоводната (греена) мрежа и е наполнет со вода, топлотната пумпа се
приклучува во електричната мрежа. Со ова е топлотната пумпа припремена
за работа. Се вклучува со приклучен прекинувач. Топлинската пумпа почнува
да работи и работи дур не ја постигне температурата на исклучувањето (која е
фабрички подесена на 55 °C). По исклучувањето, делувањето се прекинува се
додека водата не се олади за 5 °C (н.пр. на 50 °C). Тогаш повторно се вклучува
во работа.
Корисникот на бојлерот са топлинската пумпа може сам да си ја покачи
температурата на водата за исклучување, меѓутоа само до најмногу 55°C
(блокадa на термостатот) или по желба може и да ја смали до најмалку 15 °C
(блокадa на термостатот).
Легенда:
1 - Вклучување на топлинска пумпа
2 - Вклучување на антилегионелна
програма
3 - Контролна светилка за дејството
на топлинската пумпа
4 - Контролна светилка за дејството
на програмата за заштита од
легионелите
5 - Дисплеј
6 - Нагодување на температурата - зголемување
7 - Нагодување на температурата - намалување
По приклучувањето на топлинската пумпа кон електричниот напон на дисплејот
прво се прикажуваат сервисните ознаки, а потоа приказ на температурата.
Ако температурата на водата во резервоарот е пониска од поставената,
автоматски се вклучува топлинската пумпа (светли сигналната светилка 3).
Ако сакате да го исклучите дејството на топлинската пумпа, притиснете го
копчето 1 (прибл. 2 секунди). Дејството на топлинската пумпа се исклучува, а
на дисплејот се прикажува ознаката ИСКЛ.
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ДРУГИ ИЗВОРИ НА ГРЕЕЊЕ
Бојлерите са топлинската пумпа овозможуваат припрема на санитетска вода
преку еден изменувачи на топлина со различни извори на енергија (на пример
парно греење, сончева енергија, ...).
Начините за поврзување на бојлерот со различни извори на греење се
прикажани на скициве.
37