•
Користете прибор које е наменет за
апликацијата.
•
Користете прибор со точни димензии.
•
Не користете прибор за кој треба
разладно средство. Ризик од струен удар.
•
Проверете дали е правилно монтиран
приборот. Не користете адаптери или
други елементи за монтирање на прибор
со друг насаден пречник.
•
Проверете ја максималната брзина на
приборот, дали е поголема или иста
со максималната брзина на машината.
Видете ја натписната плочка на
машината.
•
Пуштете ја машината да работи без
оптеретување после монтирање на
приборот. Ако машината силно вибрира,
веднаш исклучете ја, извадете го
кабелот од струја и обидете се да го
решите проблемот.
•
Проверете го потпирањето или
стегањето на парчето.
•
Носете заштитни очила. Носете
заштита за слухот.
•
Носете маска за заштита од прашина.
Ако е потребно, користете и други
заштитни средства, како ракавици,
чевли итн. Ризик од повреди.
•
Присутните лица да се подалеку од
работната област. Проверете дали
носат заштитна опрема сите присутни
во работната област. Ризик од повреди.
•
Држете го кабелот подалеку од
ротирачкиот прибор. Ако кабелот го
допира вртливиот прибор, вашите
раце можат да дојдат во контакт со
приборот. Ризик од повреди.
•
Држете ја машината за изолираните
дршки, ако приборот може да дојде во
контакт со скриени жици или со сопствен
кабел. Ако приборот допре „жива" жица,
металните делови на машината исто
така стануваат „живи". Ризик од струен
удар.
•
Не ја користете машината додека ја
пренесувате. Ризик од повреди.
•
Не ја користете машината во близина на
запаливи материјали. Ризик од пожар.
•
Приборот продолжува да се движи краток
период по исклучување на машината. Не
се обидувајте да го сопрете приборот.
136
•
Никогаш не ја одложувајте машината
пред да ја исклучите.
•
Исчистете ги отворите за ладење.
Ризик од струен удар.
Електрична безбедност
Секогаш проверувајте дали напонот
на напојувањето одговара на
наведениот напон на плочката.
●
Не ја користете машината ако е
оштетен кабелот или приклучокот.
●
Користете продолжни кабли кои
одговараат на моќност на машината, со
минимален попречен пресек од 1,5 mm
Ако користите продолжен кабел во ролна,
целосно одмотајте го.
Замена на мрежен приклучок (само за ВБ)
Ако 3-полниот приклучок приклучен во
единицата е оштетен и треба да се замени,
важно е прописно да се уништи и да се
замени со одобрен од страна на BS 1363/3A
осигурителен приклучок и дека се запазени
следните упатства за ожичување.
Жиците во мрежниот кабел се обоени во
согласност со следниов код:
сина
неутрална
кафеава
жива
Бидејќи боите на жиците во мрежниот
кабел не одговараат на обоените ознаки
за идентификација на терминалите во
приклучокот, постапете на следниот начин:
-
Жицата со сина боја мора да се поврзе со
терминалот што е означен со буквата N
или е со црна боја.
-
Жицата со кафеава боја да се поврзе со
терминалот што е означен со буквата L
или е со црвена боја.
.
2