за рака и повлекувајќи го кон предната рачка сѐ додека не
слушнете клик.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако кочницата не го запре
синџирот веднаш, или ако кочницата не застанува во
работната позиција без ваша интервенција, пред да го
користите понатаму, донесете го производот во овластен
сервисен центар за поправка.
ТРАНСПОРТ И ЧУВАЊЕ
Исклучете го производот, отстранете ја батеријата и почекајте
производот да се излади пред да го складирате или да вршите
транспорт.
Исчистете го производот од сите надворешни нечистотии.
Чувајте го на ладно и суво место со добра вентилација кое не е
достапно за деца. Држете го настрана од корозивни супстанции
како што се градинарски хемикалии и соли за одмрзнување. Не
го чувајте производот на отворено.
Ставете ја футролата на мечот пред да го складирате
производот или за време на транспорт.
При транспорт, заштитете го производот од движење или
паѓање со цел да се избегне повреда на лица или негово
оштетување.
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Користете само додатоци и
резервни делови од AEG. Доколку не го направите
тоа, постои ризик од повреда, тоа може до доведе до
неправилно работење и поништување на гаранцијата.
Ако треба да се заменат компоненти кои не се опишани во
упатството, контактирајте со некој од сервисерите на AEG
(видете ја листата со адреси за гаранција/сервис).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За сервисирањето потребна
е особена внимателност и знаење и тоа треба да се
врши само од страна на квалификуван техничар. За
сервисирање, донесете го производот во овластен сервис
за поправка. При сервисирање, користете само оригинални
резервни делови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Отстранете ја батеријата пред да
вршите прилагодувања, одржување или чистење. Доколку
не го сторите тоа, може да дојде до сериозна телесна
повреда.
Можете да ги правите само измените или поправките кои се
опишани во ова упатство. За други поправки, контактирајте со
овластен сервисер.
Последиците од неправилно одржување може да доведат
до неправилно функционирање на кочницата и на другите
безбедносни функции, притоа зголемувајќи за можноста за
сериозни повреди. Пилата треба да се одржува професионално
и да се чува на безбедно место.
Безбедното острење на синџирот е задача за која е потребно
знаење и вештина. Затоа, производителот препорачува
потрошениот или тап синџир да се замени со нов, од овластен
сервисен центар. Бројот на делот може да се најде во табелата
за техничките карактеристики на производот во ова упатство.
Следете ги упатствата за подмачкување, затегнување на
синџирот и негово прилагодување.
По секоја употреба, исчистете го производот со мека и сува
крпа.
Често проверувајте ги сите навртки, завртки и штрафови за
да бидете сигурни дека производот е во безбедна работна
состојба. Секој дел којшто е оштетен треба правилно да се
поправи или замени од страна од овластен сервисен центар.
Заменување на мечот и на синџирот
Види слики 16-18
254
МАКЕДОНСКИ
Отстранете ја батеријата од производот. Носете заштитни
ракавици.
Извадете ги навртките за зацврстување на мечот со
комбинираниот клуч кој оди со производот.
Извадете го омотот на синџирот.
Отстранете ги мечот и синџирот од производот.
Ставете нов синџир во правилната насока и погрижете се
зглобовите на синџирот да влезат во шината на мечот.
Прицврстете го мечот за пилата и повлечете го синџирот околу
синџирникот.
Отстранете го омотот на синџирот и навртките за зацврстување
на синџирот.
Зацврстете ги со прст навртките за зацврстување на мечот.
Мечот мора слободно да се движи за да се прилагоди
затегнатоста на синџирот.
Прилагодете ја затегнатоста на синџирот. Погледнете во делот
„Прилагодување на затегнатоста на синџирот".
Држете го врвот на мечот и добро зацврстете ги навртките за
затегнување на мечот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Тап или несоодветно наострен
синџир може да доведе до прекумерна брзина на моторот
за време на сечењето и тоа може да доведе до сериозно
оштетување на моторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
синџирот го зголемува ризикот од повратен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Доколку не се замени или поправи
оштетениот синџир, постои ризик од сериозна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Синџирот на пилата е остар.
Секогаш носете заштитни ракавици кога го поправате
синџирот.
Проверка и чистење на уредот за кочење
Секогаш одржувајте го механизмот за кочење чист со лесно
четкање на нечистотијата.
По секое чистење, проверете дали уредот за кочење работи
правилно. За дополнителни информации, погледнете во
делот за „Проверка и управување со уредот за кочење" од ова
упатство.
РАСПОРЕД ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Секојдневна проверка
Подмачување на мечот
Затегнатост на синџирот
Острина на синџирот
За оштетени делови
За лабави вглавувачи
Копче за уред за кочење
Провери и исчисти
Меч
Целата пила
Уред за кочење
Резервни делови
Синџир
Меч
Неправилното
острење
Пред секоја употреба
Пред секоја употреба и често
Пред
секоја
употреба
направете визуелна проверка
Пред секоја употреба
Пред секоја употреба
Пред секоја употреба
Пред секоја употреба
По секоја употреба
На секои 5 часа ракување
OREGON
90PX045X
XXXX
на