Одржување, Одлагањеи Транспорт - Alpina AS 46 P Traducción Del Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 87
Неопходно е децата да бидат под 
надзор на друго возрасно лице.
• Обрнете особено внимание кога ја 
користите машината на патеки во 
градината, тротоари и на улици или 
кога ги преминувате. Внимавајте 
на сокриените опасности. 
• Внимавајте на сообраќајот кога машината 
се користи во близина на пат.
Однесување
• Не насочувајте го отворот за испустот 
наспроти ветрот или кон луѓе, животни, 
возила, домови и кон сè друго што може 
да се оштети со снегот. Не дозволувајте 
никој да стои пред машината.
• Никогаш не користете го чистачот 
за снег во близина на огради, 
автомобили, прозори, плочници и 
слично без да го регулирате соодветно 
дефлекторот на делот со испустот.
• Не приближувајте ги нозете и рацете 
до ротирачките делови. Држете се 
подалеку од отворот на делот за 
исфрлање на снегот. Одржувајте го 
отворот за исфрлање секогаш чист.
• Ако чистачот за снег исфрли страни тела 
или пројавува ненормални вибрации, 
изгасете го моторот, извадете го клучот, 
почекајте да се смират деловите што 
се движат и темелно проверете ја 
машината за да утврдите дека нема 
оштетувања. Нормално, вибрациите 
се симптом за присуство на проблем. 
Поправете ги можните дефекти 
пред да ја употребите машината.
• Пред да се оддалечите од машината, 
исклучете ги сите команди и 
извадете го клучот за палење од 
лежиштето на машината.
• Пред да работите на поправки, чистење, 
проверка и регулација, изгасете го 
моторот, извадете го клучот и почекајте 
да се смират деловите што се движат 
(освен ако нема други изречни насоки 
во упатството). Извадете ги каблите 
од електричниот мотор. (По избор)
• Не допирајте ги деловите на моторот 
што се загреваат во текот на 
работата. Ризик од опекотини.
• Не користете ја машината со голема брзина 
на движење на лизгави терени. Обрнете 
внимание кога одите наназад. Погледнете 
зад неа пред и при движење наназад за 
да обезбедите дека нема никакви пречки.
• Исклучете го сечивото кога 
ја транспортирате машината 
или кога не ја користите.
• Секогаш проверувајте дали добри 
услови за рамнотежа и цврсто држете 
ја рачката. Одете, не трчајте.
Ограничување при употреба
• Не користете ја машината попреку на 
закосен терен. Секогаш движете се 
одгоре надолу, а потоа оддолу нагоре. 
Обрнете внимание кога го менувате 
правецот на закосен терен. Избегнувајте 
голем степен на закосени терени.
• Не користете ја машината ако заштитата 
не е задоволителна и ако безбедносните 
уреди не се правилно поставени.
• Не исклучувајте ги манометарот 
и безбедносните системи.
• Не менувајте ги регулациите на моторот 
и не доведувајте го моторот во голем 
режим на работа. Ако моторот почне да 
работи со прекумерен број на вртежи, 
ризикот од лични повреди се зголемува.
• Не прегревајте ја машината 
управувајќи ја со голема брзина.
• Не ставајте ги рацете во отворот или во 
делот за исфрлање без претходно да го 
исклучите моторот и да го извадите клучот.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛАГАЊЕ
И ТРАНСПОРТ
Редовно одржувајте и правилно 
одложете ја машината за да ја одржите 
безбедноста на машината.
Оштетените или дефектните делови
треба да се заменат, никогаш да не се
поправаат. Користете само оригинални
резервни делови: употребата на
делови коишто не се оригинални и/или
несоодветно поставени може да доведат
до инциденти или лични повреди, а
со тоа се ослободува производителот
од секоја обврска или одговорност.
Одржување
• Ако резервоарот треба да се испразни, 
истото треба да се прави на отворено 
и кога моторот е изладен.
• За да го намалите ризикот од пожар, 
редовно проверувајте дали има 
пролеано масло и/или гориво.
Одлагање
• Не оставајте гориво во резервоарот 
ако ја одлагате машината во простор 
каде испарувањата од горивото може 
да стапат во контакт со отворен 
оган, искри и извори на топлина.
MK - 3

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

St 514

Tabla de contenido