Заштита На Животната Средина - Stiga BL 320E Manual De Instrucciones

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 96
• Внимание: делот со сечивото продолжува да
се врти уште неколку секунди откако ќе се
исклучи или откако ќе го изгаснете моторот.
• Секогаш стојте оддалечено од отворот за празнење.
Во случај на дефект или инциденти во текот
на работата, веднаш исклучете го моторот
и оддалечете ја машината внимавајќи да не
предизвикате други оштетувања. Во случај на
инцидент со лична повреда или повреда на трето
лице, пристапете веднаш кон постапката за давање
најсоодветна прва помош за дадената состојба и
обратете се во соодветен центар за здравствена
заштита за неопходно лекување. Отстранете ги
темелно сите остатоци од косењето што може да
предизвикаат дефект или повреди на лица или
животни ако останат незабележано во машината.
• Не користете го кабелот несоодветно. Не користете
го кабелот за транспортирање, влечење или
расклопување на машината. Чувајте го кабелот
подалеку од извори на топлина, масло, оган или
предмети во движење. Оштетен или пресечен
кабел го зголемува ризикот од електричен удар.
• Избегнувајте контакт на телото со површина со
маса или со земја, како цевки, радијатори, кујнски
апарати, фрижидери. Ризикот од електричен удар
се поттикнува ако телото се најде на маса или земја.
Ограничување при употреба
• Не користете ја машината никогаш кога
има оштетени делови, ако недостасуваат
или не се правилно поставени (вреќата
за собирање, заштитата на страничниот
испуст, заштитата на задниот испуст).
• Не користете ја машината ако
дополнителната/помошната опрема не
се поставени на дадените точки.
• Не исклучувајте, дезактивирајте, вадете
ги манометарот и безбедносните
системи/микропрекинувачи.
• Не изложувајте ја машината на непотребни
сили и не користете мала машина за
изведување тешки работи; адекватно
користење на машината го намалува ризикот
и го подобрува квалитетот на работата.
• Уредот напојувајте го само преку диференцијал
(RCD – уред за наизменична струја) со струја
на прекин која не надминува 30 mA.
• Приклучокот за машината треба да биде
компатибилен со електричниот довод. Никогаш
не преправајте го приклучокот. Не користете
адаптери за машината што имаат заземјување.
Приклучокот што не претрпел измена или не е
адаптиран го намалува ризикот од електричен удар.
• Трајното поврзување на кој и да било електричен
апарат во ел. мрежа на даден објект треба
да го направи квалификуван електричар
следејќи ги најстрого соодветните одредби.
Некоректно поврзување може да предизвика
сериозни повреди, вклучувајќи и смрт.
• Каблите за напојување треба да се со
квалитет не помал од типот H05RN-F или
H05VV-F со минимален пресек од 1,5 мм2 и со
препорачана максимална должина од 25 м.
ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ
2.4
Редовно одржувајте и правилно одложете
ја машината за да ја одржите безбедноста
на машината и нивото на работа.
Одржување
• Никогаш не користете ја машината со
користени или оштетени делови. Оштетените
или дефектните делови треба да се
заменат, никогаш да не се поправаат.
• Во текот на операциите за регулирање на машината,
обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви
се наоѓаат заглавени во уредот со сечивото во
движење и фиксните делови на машината.
Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова
упатство се максимални вредности при употреба
на машината. Употребата на елемент за косење
којшто не е стабилен, движењето со преголема
брзина, неодржувањето на машината, значително
влијаат врз емисијата на бучава или вибрации.
Затоа, неопходно е да применувате заштитни
мерки за да елиминирате можни оштетувања
заради зголемена бучава или значителни вибрации.
Редовно одржувајте ја машината, носете слушалки
против бучава и правете паузи во работата.
Одлагање
• За намалување на ризикот од оган, не оставајте
полни контејнери во затворен простор.
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
2.5
Заштитата на животната средина треба да
се извршува релевантно и приоритетно при
употреба на машината во корист на граѓанските
погодности и на просторот во кој живееме.
• Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат
непосредното опкружување. Користете ја машината
само во разумно време (не многу рано наутро и
доцна навечер кога може да ги вознемирите луѓето).
• Доследно следете ги локалните закони за
фрлање на амбалажата, делови во распаѓање
или какви било елементи со штетно влијание
врз животната средина. Овие отпадоци не
смеат да се фрлаат во ѓубре, туку треба да
се селектираат и да се однесат во соодветни
собирни центри за рециклирање материјали.
• Следете ги во целост локалните закони за фрлање
на материјалите што се резултат на сечењето.
• При исфрлање од употреба, не оставајте
ја машината каде било во природата, туку
предајте ја во собирен центар во согласност
со важечките локални закони.
Не фрлајте ги електричните апарати
заедно со домашен отпад. Во согласност
со директивата на ЕУ 2012/19/UE, отпадот
што се состои од електрични и електронски
апарати е ваша одговорност и, во
согласност со националните одредби, електричните
апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за
да може подоцна повторно да се употребат на еко-
компатибилен начин. Ако електричните апарати
се одложат на ѓубриште или на земја, штетните
состојки може да стапат во контакт со елементите
во почвата и да навлезат во синџирот на исхрана, со
MK - 3

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Bl 380e

Tabla de contenido